На 12. и 13. септември на Летната сцена на ЦК „Бели мугри“ повторно Кино на отворено

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
На 12 и 13 септември на Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани повторно Кино на отворено, најавува Јуроп хаус. Станува збор за соработка со Младинскиот културен центар од Скопје и кочанскиот ЦК. Оваа активност е подржана од Европската унија.
На 12 – ти на Летната сцена на „Бели мугри“  ќе бидат прикажани два филма. Најпрвин ќе биде прикажан  краткиот филм „Пепи и Муто“ во режија на младиот и наградуван режисер Георги Унковски. По него следува топлиот, длабоко хуман и наградуван македонски игран филм „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески.
На 13 -ти, сабота, на програмата се: краткиот филм „Човекот со чудна навика“ во режија на Вардан Тозија и долгометражниот документарен филм „Ефтеркланг Македониум бенд” во режија Андреас Јонсен, кој ја одушеви меѓународната публика. Потоа, следува разговор со еден од главните протагонисти во филмот, Владица Младеновски.
Кино на отворено во Кочани е иницијатива посветена на заедницата и младите во овој град, како гест на поддршка и солидарност по трагичниот настан во март 2025 година.
Со скромна, но внимателно избрана програма и проекции под отворено небо, оваа иницијатива е замислена како простор за заедничко собирање, сеќавање и надеж, потсетувајќи дека културата има моќ да лекува и обединува, велат од Јуроп хаус.
И на 12 – ти и на 13 – ти септември проекциите на филмовите започнуваат во 20 часот и се бесплатни.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Надлежните од бензинските пумпи – Дизелот е потрошен поради тоа што потрушувачката ни е зголемена за 5 пати

По објавата на Радио Кочани дека нема дизел на пумпите во регионот надлежните демантираат дека е поради поскапувањето туку едноставно резервоарите на пумпите се празни исцедени до капка за време на викендов. За викенд не се врши достава па затоа во моментов нема дизел, некои од возачите ги испумпувале резервоарите дома и  се враќале по

58 годишен виничанец со 3,30 промили алкохол ја вознемирувал поранешната партнерка…

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден регистрирало осум пријави за семејно насилство, а полициски службеници лишиле од слобода шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и Виничко. Во Виничко село, во 16.00 часот бил приведен Б.Т. (58) од Виница. И покрај судска забрана да не се приближува на помалку од 100 метри и

Вработена од ДЗС Кочани: За Пулс не сум добила никаква документација, подрачното одделение Кочани нема инспектор за заштита и спасување

Во подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување во Кочани не е примена документација во врска со дискотеката „Пулс“, сведочеше вработена во ова подрачно одделение. На денешното судење за пожарот во кочанската дискотека, таа посочи дека прегледувала документација доставена од управители на фирмите во врска со правилници за заштита од пожари и опасни материи,