МВР:Насилникот избегал при транспорт од Психијатриска болница до Основен суд Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Полицијата проверува како насилникот кој вчера пукаше и тешко рани вработена во МЦСР Прилеп избегал при транспорт од ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар во Основен суд Прилеп и дошол до оружје. На разговор биле повикани повеќе лица, стои во известувањето од СВР Битола:

На 24.03.2025 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.Ј.(50) од Прилеп затоа што претходно во просториите на Јавната установа – Центар за социјални работи Прилеп од огнено оружје пукал кон вработената М.Ѓ.(37) од Прилеп и ѝ нанел повреди. М.Ѓ. била пренесена во Градска болница Прилеп каде ѝ биле  констатирани тешки телесни повреди. По документирање на настанот, против А.Ј. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Имено, во врска со настанот, на 21.03.2025 во 20.30 часот во ОВР Демир Хисар, од Јавната здравствена установа – Психијатриска болница Демир Хисар  било пријавено дека од болницата избегал пациентот А.Ј.. Полициски службеници од ОВР Демир Хисар во текот на вчерашниот ден извршија проверки во Психијатриската болница Демир Хисар и на разговор биле повикани повеќе лица. Исто така, се вршат проверки како А.Ј. успеал да избега при транспортот од психијатриската болница до Основен суд Прилеп и на кој начин дошол до оружјето.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

🏃‍➡️Хуманитарна „Трка со срце“ во Прилеп – спортот е многу повеќе од натпревар🏃‍♀️‍➡️

Во  организација на Ротаракт Клуб Прилеп денеска се одржаа две хуманитарни трки во Прилеп „Трка со срце“ низ прилепските улици. На двете патеки од 5 км и од  10 км учествуваа над 300 учесници. Поттикнување на хуманост, заедништво и инклузија е поводот за настанот кој се организира за прв пат....

СВР Битола: За 6 часа казнети 80 мотоциклисти и возачи на тротинети, 44 за неносење кацига

Во акциска контрола во сообраќајот на територијата надлежност на СВР Битола во еден ден за 6 часа биле изречени 80 казни за возачи на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети: „Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за...

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...