Денеска (16.03.2026) во 13:44 часот во СВР Штип било пријавено дека на патот Кочани-Виница во близина на угостителски објект, настанала сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мазда“ и патничко возило „поло“. Во незгодата неколку лица се повредени и со возила на итна медицинска помош се транспортираат во Општа болница Кочани за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за утврдување на причините за незгодата.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









