МВР поднесе кривична пријава за уште 19 лица за тешки дела против општата сигурност

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
МВР во координација со Основното јавно обвинителство Кочани денеска ја проширија истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека на нови 19 лица. Сите тие се осомничени за Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик.
Станува збор за службени лица, кои во периодот од 2012 година до 16.03.2025 година, заеднички но секој од аспект на своето својство, надлежности и одговорности, воопшто не постапиле според прописите за мерките за заштита и со тоа предизвикале опасност за животот и телото на луѓето и имот од големи размери. Меѓу новите осомничени се овластени градежни инспектори во Општина Кочани, директори и генерален инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување, министри за економија, државни секретари и други службени лица од тоа министерство, како и инспектори од Државниот пазарен инспекторат.
Постојат сомненија дека нивните незаконити дејствија и пропусти во континуитет довеле до тоа кабаре КЛУБ ПУЛС во Кочани од самиот почеток во подолг временски период па се до настанување на пожарот да продолжи да врши угостителска дејност без воопшто да исполнува законски услови за тоа и со нарушување на сите безбедносни правила по животот на лицата кои го посетувале објектот. Како резултат на тоа, при користење на пиротехнички средства на 16.03.2025 година за време на настапот на музичката група ДНК беше предизвикан пожар во кој настапила смрт на 61 лице меѓу кои 6 деца, а биле повредени уште 197 лица од кои 25 деца.
Со ова, до овој момент, кочанското обвинителство во врска со пожарот поведе истрага против вкупно 45 физички и три правни лица. Еден од нив, по отворањето на истрагата почина како последица на повредите здобиени во пожарот и од тие причини, по целосно прибавување на медицинската документација, постапката за него ќе биде запрена.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Утревечер во „Бели мугри“ – „БУЧАВА ШТО СОЗДАВА ИДЕНТИТЕТ“ – ретроспективна изложба на Тошо Филиповски

На 21 ноември (петок), во 19:30 часот, во просториите на НУ ЦК „Бели Мугри“ – Кочани, ќе биде отворена ретроспективната изложба насловена „Бучава што создава идентитет“, посветена на 60 години македонска рок култура, музика и поезија (1963–2023). – Изложбата претставува визуелна и документарна приказна за развојот на македонската рок сцена, преку внимателно одбрани фотографии од

Иван Богданов именуван за в.д. директор на ОУ „Климент Охридски“ – Облешево

Иван Богданов е назначен за нов вршител на должност директор на Основното училиште „Климент Охридски“ во Облешево. Богданов, кој речиси десет години работи како професор по музичко образование во оваа образовна установа, доаѓа на местото на досегашниот директор Јорданче Костадинов, кој неодамна стапи на функцијата градоначалник на општината. Назначувањето е извршено минатата недела. Од училиштето

Саити: Околку 11 милиони денари на сметката на Црвениот крст за настраданите во пожарот во „Пулс“

Сѐ уште формално е активна сметката на Црвениот крст за донации за семејствата на настрадните во Кочани и во моментов на сметката има околку 11 милиони денари, изјави генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, Саит Саити. Саити појасни дека поголеми приливи на сметката не се случуваат. Тоа што го направивме како Црвен крст ги