МВР: На „Криволак“ќе се уништува голема количина на минско-експлозивни средства

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Запленети пред 15 години, голема количина на минско-експлозивни средства утре, сабота,13 декември ќе се уништува  на полигонот „Криволак“, соопштува Министерството за внатрешни работи:

Денеска (12.12.2025) полициски службеници од страна на Оддел за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал во координација и содејство со полициски службеници од Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, врз основа на претходно изготвен план преземаат соодветни мерки и активности за ништење на огромна количина на минско-експлозивни средства. После цели 15 години, во текот на утрешниот ден (13.12.2025), минско-експлозивните средства од касарна „Ѓорче Петров“ до армискиот полигон „Криволак“ ќе бидат транспортирани со товарни возила-камиони на АРМ каде во присуство на Комисијата за уништување на оружје, делови и компоненти на оружје, муниција и експлозивен материјал, од страна на полициски службеници од Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи, стручни лица од АРМ и пиротехничари од Дирекција за заштита и спасување ќе биде спроведено нивно уништување со контролирана детонација. Фактот дека ова е прв случај на уништување на ваков тип минско-експлозивни средства по цели 15 години, за жал, говори дека претходно не била соодветно третирана безбедноста на граѓаните со должната сериозност. Денешниот чекор јасно покажува дека со одговорен пристап, вистинска посветеност и професионално раководење, овој сегмент од безбедносниот систем конечно се поставува на ниво какво што одамна требало да биде.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

🏃‍➡️Хуманитарна „Трка со срце“ во Прилеп – спортот е многу повеќе од натпревар🏃‍♀️‍➡️

Во  организација на Ротаракт Клуб Прилеп денеска се одржаа две хуманитарни трки во Прилеп „Трка со срце“ низ прилепските улици. На двете патеки од 5 км и од  10 км учествуваа над 300 учесници. Поттикнување на хуманост, заедништво и инклузија е поводот за настанот кој се организира за прв пат....

СВР Битола: За 6 часа казнети 80 мотоциклисти и возачи на тротинети, 44 за неносење кацига

Во акциска контрола во сообраќајот на територијата надлежност на СВР Битола во еден ден за 6 часа биле изречени 80 казни за возачи на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети: „Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за...

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...