Денеска (21.03.2026) во СВР Штип е пријавено дека околу 10:40 часот во с.Зрновци во место викано Ѓошевски орев во близина на зрновска река е пронајден човечки леш, во фаза на распаѓање.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Од ОЈО пак посочија:
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани врши увид на локација каде е пронајдено тело на почината жена.
До овој момент починатата не е идентификувана.
Ќе биде наредена обдукција, а причините за смртта се уште не се утврдени.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









