По повод престојниот празник 8-ми март , денот на жената , учениците од образовниот профил , фармацевтски техничар при СОУ „Ѓорче Петров” – Прилеп , денеска во центарот на градот , кај камената бина организираа , настан , кои како што тие го нарекоа , хепенинг , настан кој ги спојува здравјето , музиката и добрата атмосфера.
Ова е веќе втора година како организираме ваков настан , хепенинг го нарекиваме , каде учествуваат учениците од профилот фармацевтско лабараториски техничар каде ги демонстрираме нашите препарати кои ги правиме во нашата лабараторија, тоа се различни масти , сапуни , свеќи итн и воедно мериме бесплатно шеќер и притисок на минувачите.Заедно со Зегин имаме соработка со тоа што тие мерат витаминско минерален статус на минувачите .Ова го правиме по повод осми март денот на жената за да ја промовираме нашата струка , самите деца да се докажат со струката и она што го прават во лабараторија и секако да биде еден поттик за нив и за минувачите повеќе да дознаат за самото училиште и струките кои ги има во истото , рече стручниот професор Наташа Најдоска за Радио Пела.Присутните имаа можност , бесплатно да измерат крвен притисок , да го проверат нивото на шеќер во крвта, да го проверат витаминско – минералниот статус а секако и да изберат и купат од производите кои ги нуди струката во ова средно училиште , но и да уживаат во музичкиот дел подготвен од бендот „The Doctors”









