Муабети за театарот, утре во „Марко Цепенков“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Утре (15 јануари, среда) од 18.00 часот во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе се одржи промоција на книгата „Современи театарски осврти“ од Звонко Димоски.

Авторот на книгата, м-р  Звонко Димоски, културолог и преведувач, во предговорот кон книгата објаснува дека преку книгата се стреми да ги покажe трендовите и предизвиците со кои се соочува современиoт македонски театар, но и да ја прослави неговата моќ како медиум за комуникација и трансформација.

Тетарската анализа, дури и таа најкритичната, не е фронт на спротивните табори- уметници против критичари-туку заеднички напор за унапредување на театарската уметност. Нејзината вистинска мисија е да биде мост меѓу изведбата и публиката поттикнувајќи  подлабоко разбирање и вреднување на театарската форма-пишува Димоски во предговорот кон книгата.

Александар Еленин, иницијатор на оваа промоција, која е во рамки на предвидениот културно-едукативен циклус на промоции и предавања,  смета дека „Современи театарски осврти“ е дело кое  заслужува да биде поздравено како благородна претходница за сите слични публикации, муабети и споделени искуства од кои ќе излеземе духовно и естетски побогати.

„Современи театарски осврти“, книгата која е предмет на оваа промоција, е иницијална збирка аналитички профилирани размисли на Звонко Димоски, со која авторот ги манифестира своите неколкугодишни гледачки искуства на театарски претстави низ македонските театри. Оваа книга умешно балансира по работ на личниот есеистички израз и дискурзивниот пристап кон анализираната проблематика. Солидно исполнувајќи ги формалните естетски, стилистички и јазични критериуми, ова четиво нуди удобност да се фокусираме на суштината и содржината на истото”-пишува Александар Еленин.

Промоторка на книгата ќе биде писателката и уредничка на списанието „Стремеж“, Габриела Стојаноска Станоеска, а модераторка на настанот е писателката Оливера Андоноска.
Со овој книжевен настан кој е прв од годинешните настани на Центарот, започнува и едногодишниот културно-едукативен циклус на промоции и предавања, кој заедно со филмската програма ќе ја реализираат Винтер Априкотс и Цивете Продуцтион во киното „Мис Стон“, треба да бидат конкретно
 издигнување и збогатување на културната содржина на Прилеп.
Ф.Д.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Реколта 2026: Цените во новите договори 10 % повисоки од ланските

Сојузот на тутунските здруженија согласно законските рокови ги објави предлог цените за новата тутунска реколта 2026 та според кои предложените цени од претставниците на тутунарите се разликуваат од оние на откупувачите за 70 до 100 денари по класи. Откупувачите утврдија цени кои се за 10 отсто повисоки од ланските за...

Мариухана пронајдена и одземена во неколку индивидуални случаи во Прилеп

Вчера полицијата делува во неколку оделни случаеви, пронаоѓајќи и одземајќи марихуана на различни локации од градот На 02.03.2026 во 12:00 часот на ул.„Тетовска” во Прилеп, полициски службеници  од ОВР Прилеп го лишија од слобода Р.Р.(54) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на...

(ВИДЕО)Овчарството ќе згасне ако државата сериозно не се справи со проблемите на сточарите

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството од Прилеп започна со кампањата „Прашај ја Агенцијата’’ со средба со одгледувачите на овци. Како да се надминат проблемите со исплата на субвенциите за неколку години, вклучително и 2025 та, како е структуирана Програмата за финансиска поддршка за 2026 та беа дел од темите...