Можност граѓаните активно да учестуваат во креирање на буџетот на Општината за 2026

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Граѓаните денеска, 19 ноември,  во 18,оо часот во собраниската сала на Општина Прилеп ќе можат да учествуваат на јавната консултативна средба за изработка на Буџетот на Општина Прилеп за 2026 година.

Оваа средба претставува одлична можност  граѓаните отворено да ги изнесе своите предлози, идеи и приоритети со цел заеднички да се обликува буџет на Општина Прилеп кој ќе ги одразува реалните потреби, предизвици и очекувања на локалната заедница.

Во рамки на процесот се предвидени повеќе средби и консултации, на кои активно ќе бидат вклучени претставници од месните заедници, институциите, невладиниот сектор, бизнис заедницата и сите заинтересирани граѓани.

Вашето мислење е од особена важност. Ве охрабруваме да бидете дел од овој отворен, инклузивен и транспарентен процес, потенцираат од локалната самоуправа на Општина Прилеп, кои се надеваат на поголемо присуство и учество на граѓаните во овој процес.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

“Исчезнаа“ милиони денари од прилепската болница, утврди ДЗР

Сериозни недоследности, непочитување на законски процедури и пропусти кои упатуваат на системска слабост во управувањето, контролата и евиденцијата на средствата за 2024 година, утврди Државниот завод за ревизија (ДЗР) при спроведената ревизија на финансиското и материјално работење на Општата болница „Борка Талески“ – Прилеп. Ревизијата откри сериозни неправилности во работењето...

❗❗УХМР: Вонредно предупредување за обилни врнежи и силен ветер ❗❗

Управата за хидрометеоролошки работи денеска излезе со предупредување за обилни врнежи и ветер деновиве:

Ротари клубот- Прилеп донираше дрон за превентива од пожари на ТППЕ – Прилеп

Дронот, кој ќе прави извиди над шумите и околината на Прилеп, има за цел да делува превентивно во спречување на пожарите на отворено и во спречување на дрвократството. Целта да се олеснат извидите на лице место кога има шумски пожари и дива сеча, но и за пожарите во градот. Дронот,...