МОЖЕН ДОГОВОР ТРАМП-ПУТИН И ПОСЛЕДИЦИТЕ ПО НАТО И БАЛКАНОТ

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Пишува: Слободан ТОМИЌ
ГЕОПОЛИТИЧКА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА СВЕТОТ
Преговорите што се водea во Ријад меѓу претставници на САД и Русија отвораат нова фаза во глобалната геополитика, која може да доведе до драматични промени во меѓународниот поредок.
Според германскиот „Билд“, една од можните теми е повлекувањето на американските трупи од одредени европски земји, што би значело пресврт во досегашната стратегија на НАТО.
Договор кој ќе ја помести оска на моќта
Доналд Трамп, како претседател на САД, ја спроведува својата политика за намалување на американското воено присуство во Европа и прераспределба на одговорноста за безбедноста кон самите европски земји.
Ова значи нов баланс на силите, при што Русија добива значително поголем простор за геополитички маневри.
Времето поминато со генерал Крацкоф, кој ја водеше војната во Заливот, Кувајт-Ирак,  на една заедничка средба со политичари од светот,за време на претседелската трка Џорџ Буш јуниор и Ал Гор, ми откри дека САД никогаш нема да ја напуштат Македонија и Балканот, бидејќи и Македонија и Балканот се важни за САД.
Што ова значи за Балканот?
Балканот отсекогаш бил клучен регион за геополитичките интереси на големите сили. НАТО ја оправдува својата присутност со потребата за стабилност, но руската страна смета дека западното воено присуство е агресивно и насочено кон стратешко опкружување на Русија.
Доколку САД се повлечат, тоа би значело ново геополитичко престројување.
Србија би добила поголем маневарски простор за јакнење на својата позиција во регионот.
Косово би се соочило со зголемена неизвесност и можност за нови политички тензии.
Македонија, под лидерство на Христијан Мицкоски, ќе има можност да воспостави нова, вистинска геостратешка улога преку сојуз со администрацијата на Трамп.
Германија – најголемиот губитник?

Новата германска влада ќе се најде пред сериозен предизвик ако САД навистина го намалат своето воено присуство. Германија веќе сега е под притисок да ги зголеми своите воени трошоци, но со евентуално повлекување на Американците, Берлин ќе мора да преземе уште поголема улога во европската безбедност.Можно е создавање на независна европска армија, иницирана од Германија и Франција.

Стратешки договор пред Куманово
Пред потпишувањето на Kумановскиот договор и Резулуцијата на ООН бр.1244, Туџман и Милошевиќ наводно се договориле за поделба на сферите на влијание:
Северно од Приштина – Русија да има стратешко влијание.
Јужно од Приштина, конкретно кај подземниот аеродром „Слатина“, беше одредена кота за разграничување на влијанијата на Балканот.
Оваа одлука значително влијаеше на распределбата на силите во регионот и го дефинираше присуството на Русија и Западот во понатамошните години.
Што следи?
Договорот Трамп-Путин, доколку се реализира, ќе значи нова глобална архитектура на моќта. Европа ќе мора да се соочи со новата реалност – без американска воена поддршка, ќе биде принудена сама да ги решава безбедносните проблеми. Балканот, пак, ќе се најде на пресвртница, а Македонија, благодарение на политичката визија на Мицкоски, ќе има шанса да обезбеди стабилна иднина со поддршка од новиот тим на Трамп.
Прашањето што останува е: Дали Европа е подготвена за вакво сценарио, или без САД, НАТО ќе стане само празна формација?

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

‼️Да гласаме -„Прилепчанчина“ имаат голема шанса за освојување МИЛИОНЧЕ‼️

Четиричлена екипа ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ има голема шанса да освојат награда од 1 милион денари. Тимот на „Прилепчанчина“ составен  од Иринеј Трајкоски, Антонио Христоски, Христијан Трајкоски и Даријан Мицкоски, сите ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ со својата идеја Локал Лендс (Local Lands) се пласираше во првите...

„Не биди трупец, засади дрво“ – акција за пошумување во билизна на с. Лениште

По повод Светскиот ден на лицата со дијабетес – 14 ноември и негово одбележување, во општина Прилеп ќе се реализира третата по ред акција за пошумување под мотото „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, во организација на „Сина Револуција“. Акцијата ќе се реализира на 16 ноември 2025/ недела/ од 10.00 часот...

Приказна за човекот и мечката – „Кој кому му е закна ?!„

Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но,...