МОН го објави конкурсот за прием на студенти во студенските домови – најмногу места 1. 212 места во домот „Гоце Делчев“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Најмногу места во главниот град има во студентскиот дом „Гоце Делчев“ или 1 212 места, во ДСД „Пелагонија“ – 997 места, а потоа следува ДСД „Кочо Рацин“ во Битола каде што има вкупно 385 слободни места. 330 места имва во студентскиот дом „Орде Чопела“ во Прилеп.

Министерството за образование и наука (МОН) го објави Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во државата за студиската 2025/26 година.

Поради реновирање, затворени се домовите „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје. Како што информираат од МОН, овие два студентски домови повторно ќе примаат студенти од вториот семестар на претстојната академска година.

Во ДСД „Пелагонија“ има 997 места и 335 места се на располагање во ДСД „Томе Стефановски-Сениќ“.

Во ДСД „Кочо Рацин“ во Битола има вкупно 385 слободни места, 242 се слободни во „Никола Карев“ во Охрид.

Во Штип студентите може да изберат сместување во три дома, како „Браќа Миладиновци“, каде има 236 места и во приватните домови „Хилјадников“ – 60 места и „Логос“ – 52 места.

Во Тетово се на располагање два дома, од кои државниот студентски дом располага со 295 легла и приватниот ПСД УЈИЕ со вкупно 120 легла.

Од денеска до 31 јули трае електронското пријавување за сместување во државните и приватните студентски домови низ државата за студентите од втора и од повисоките години на додипломските студии и за апсолвенти. Рокот за пријавување на студентите од прва година ќе почне по завршувањето на уписниот рок на факултетите во август и ќе трае од 10 до 17 септември 2025 година. Студентите што се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на интернет порталот e-uslugi.mon.gov.mk.

Студентите можат да конкурираат за прием само за еден студентски дом. Доколку во одреден дом останат непополнети сместувачките капацитети, пријавувањето ќе продолжи сè до нивно пополнување, најдоцна до 20 ноември 2025 година. Во Конкурсот се објаснети условите за прием на студенти во домовите, начинот на електронското пријавување, документите потребни за аплицирање, конкурсните рокови, постапката за прием и начинот на кој се врши распределбата на расположливите места.

Конечниот список за примен на студентите од втора и повисоките години, ќе биде објавен најдоцна до 6 септември, а за прием на студентите од прва година ќе биде објавен најдоцна до 30 септември. Примените студенти треба да се вселат не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

‼️Да гласаме -„Прилепчанчина“ имаат голема шанса за освојување МИЛИОНЧЕ‼️

Четиричлена екипа ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ има голема шанса да освојат награда од 1 милион денари. Тимот на „Прилепчанчина“ составен  од Иринеј Трајкоски, Антонио Христоски, Христијан Трајкоски и Даријан Мицкоски, сите ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ со својата идеја Локал Лендс (Local Lands) се пласираше во првите...

„Не биди трупец, засади дрво“ – акција за пошумување во билизна на с. Лениште

По повод Светскиот ден на лицата со дијабетес – 14 ноември и негово одбележување, во општина Прилеп ќе се реализира третата по ред акција за пошумување под мотото „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, во организација на „Сина Револуција“. Акцијата ќе се реализира на 16 ноември 2025/ недела/ од 10.00 часот...

Приказна за човекот и мечката – „Кој кому му е закна ?!„

Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но,...