„Младите се иднината, а иднината не сакам да е матна“ „Тие би го продале бога, а нив само еден ќе им суди“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Со длабока тага, прилепчани и денеска на мирниот собир од 12 часот во центарот на Прилеп кај параклисот „Свети Никола“ со палење свеќа, оставајќи цвеќе, тивко оддаваа почит за прерано згаснатите животи во страшната трагедија во Кочани. Споделената тага и болка ја преточуваа во книгата на  жалост и за прашања на кои се чекаат одговори и одговорност. Изрази на сочувство до семејствата, барања за одговорност и „ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ“ !!! Тишина која гласно говори дека е доста, дека се бара правда.

„Животи одземени од корупција.“ „Тие би го продале бога, а нив само еден ќе им суди. Летајте високо со ангелите.“ „Вистината на виделина. Доста се лаги.“ „Младите се иднината, а иднината не сакам да е матна.“ „Тие беа повеќе од бројки – беа луѓе со соништа, сега изгубени во сенката  на нечии грешни одлуки. Ќе ги паметиме, но нема да ги заборавиме“.

Ова се само дел од пораките на прилепчани, на младите кои овие два дена го споделуваа  молкот завиен во болка испраќајќи гласни пораки за одговори и за одговорност.

Мирниот собир „Бараме одговори и одговорност“ кој што изминативе два дена се одржуваше од 12 часот кај Параклисот „Свети Никола“ во центарот на Прилеп наредниве денови нема да се организира.

Мирен марш е најавен за вечерва во Прилеп и секој ден на градскиот плоштад од 18 часот. 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

🏃‍➡️Хуманитарна „Трка со срце“ во Прилеп – спортот е многу повеќе од натпревар🏃‍♀️‍➡️

Во  организација на Ротаракт Клуб Прилеп денеска се одржаа две хуманитарни трки во Прилеп „Трка со срце“ низ прилепските улици. На двете патеки од 5 км и од  10 км учествуваа над 300 учесници. Поттикнување на хуманост, заедништво и инклузија е поводот за настанот кој се организира за прв пат....

СВР Битола: За 6 часа казнети 80 мотоциклисти и возачи на тротинети, 44 за неносење кацига

Во акциска контрола во сообраќајот на територијата надлежност на СВР Битола во еден ден за 6 часа биле изречени 80 казни за возачи на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети: „Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за...

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...