Митрополитот Петар и уметникот Жарко Башески се добитниците на 3-то ноемвриската награда за животно дело

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По повод одбележувањето на 80 години  од ослободувањето на Прилеп, најпрестижната општинска награда “3-ти Ноември“ за животно дело, Комисијата за празници и манифестации одлучи да им ја доели на  Митрополитот Петар и на уметникот Живко Башески. Оваа награда се доделува на физички и правни лица за досигнувања во опшествениот, стопанскиот, културниот, спортскиот и полтичкиот живот.

Наградата за животно дело-Златна плакета, по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп, се доделува на: -Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеленски г.Петар за огромна ревност и оданост за верата , кој секогаш стоел и стои на браникот на националните интереси на нашата држава Македонија и православниот народ во неа;

-Жарко Башески-македонски скулптор, професор, уметник, кој неколку децении го промовира својот роден град Прилеп; Ч

Награди – плакети по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп се доделуваат на: – Прилепска Пиварница-за 100 годишно постоење во општествено-економскиот живот во Прилеп;

– ООУ ,,Климент Охридски’’-Прилеп- постигнати успеси во воспитно образовниот процес и реализирани проекти;

Друштво за производство, трговија и услуги ВИК МАКЕДОНИЈА ДOОЕЛ с. Алинци Прилеп- општествено одговорна компанија;
– Ликовна колонија-Дрен-повеќегодишно меѓународно уметничко творештво;
МАТАДОР- успешна и општествено одговорна компанија;
Научен институт за тутун-научно истражувачка, образовна, апликативна производна издавачка дејност;
Мариовско-Мегленски средби-за успешно реализирани настани од областа на културата и фолклорот;
ФК Братство Големо Коњари-за постигнати резултати и придонес во спортот;
Центар за развој и едукација Прилеп-за успешна реализација на услугата помош и нега во домот;
Австралиско-Македонско друштво „Методија Андонов-Ченто“ од Сиднеј- за негување на традициите и донации за најмладите во спортот

Награди  – дипломи по повод „3-ти Ноември“ по повод Денот на ослободувањето на Прилеп, им се доделуваат на:

Марјан Јованоски-солист, првенец во македонска опера и балет;
Јован Аврамоски- за пожртвуваност и посветеност во областа на заштита и спасување;
Љупче Петрески протоереј-придонес во општествениот културно-уметничкиот и духовниот живот во Прилеп;
Трајче Зуљамоски-педагог, спортист волонтер хуманист;
Ивана Атанасоска-светска олимпијада по геонауки; Билјана Тинтоска-успех во воспитно-образовната дејности и книжевноста
Елена Ртоска-за особен придонес во развивање на екстремните спортови;
Никола Павлески- младински првак во шах;

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во Прилеп и Крушево спроведени засилени контроли за почист воздух последната седмица од јануари

Девет општини доставиле извештаи за реализирани активности за периодот од 27ми до 31 јануари 2025 година во Министерството за животна средина и просторно планирање согласно обврските од Акцискиот план со краткорочни мерки за чист воздух за грејната сезона 2024-2025 г.   Секоја општина: Охрид, Битола, Штип, Тетово, Прилеп, Гази Баба,...

(ВИДЕО)Тошеска: услугата „Помош и нега во домот“ станува дел од системот за социјална заштита

Здружението Центар за развој и едукација склучи управни договори со градоначалниците од трите општини Прилеп, Долнени и Кривогаштани за обезбедување и унапредување на услугата „Помош и нега во домот“. Иницијативата се спроведува со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади, и со тоа оваа услуга ќе дел од...

Деветтото издание на филмскиот фестивал Winter apricots започнува утре

Од утре до 8 февруари во Прилеп, ќе се одржи деветтото издание на Интернационалниот филмски фестивал Winter apricots. Воведен настан на фестивалот е денешната промоција на книгата „Авторските политики во филмските адаптации“ од Ана Опачиќ, што ќе се случи во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ од  18.00 часот. Утре пак,...