Митрополит Петар: Климентовото дело има апостолски размери

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Со изведба на македонската химна „Денес над Македонија“ од страна на училишниот хор при прилепското средно училиште „Ѓорче Петров“, беше отворена свечената акдемија, како завршен настан од проектот „Денови на Свети Климент Охридски“ кој токму на празникот Св. Климент се случи во општинската сала на Општина Прилеп.

На настанот меѓу многубројната публика беше и градоналачникот на Прилеп, д-р Борче Јовечески, митрополитот преспанско-пелагониски господин Петар, претставници на локалната самоуправа, на училиштата, наставници, ученици, родители и новинари. Митрополитот Петар ја изрази својата радост за ваквиот начин на чевствување на овој празник.

Делото на Свети Климент, со Свети Наум секако, е дело од апостолски размери, бидејќи Школата негова, именувана како Охридска школа, е онаа школа што ги исполнила сите завети на Светите браќа Кирил и Методиј за да се продолжи нивното дело, односно да се обезбедат кадри – свештени лица, се разбира и монашки, за сите православни земји“, – рече г. Петар, митрополит Преспанско-Пелагониски.

На настанот беа презентирани резултатите и изработките што учениците ги реалзирале изминативе неколку месеци во рамки на ликовните, литературните и историските работилници предводени од наставниците Наташа Кулевска, Александар Џинго и Горјан Василевски.

На работилницте беа вклучени ученици од сите основни училишта од Општина Прилеп, како и основното училиште „Пецо Даскалот“ од Општина Долнени

Работилниците од областа на историјата беа посветени на истражувања и анализа на животот и делото на Свети Климнент, а во нивни рамки беше посетена црквата Св. Пантелејмон изградена од Свети Климент, црквата „Св. Богордица Перивлепта“ каде се запознаа со византиската уметност. Историските работилници ги водеше наставникот по историја Горјан Василевски кој смета дека е важно манифестацијата „Денови на Свети Климент Охридски“ да прерасне во традиција.

Целта на овој проект е, светоклиментовата црква и светоклиментовиот универѕитет да ги изградиме во себе си и на тој начин да од себе да изградиме благородни личности кои ќе сотворат богоугодно општество-порачува Василевски.

Методи Зравески, ученик  од ООУ „Кочо Рацин“ го истражуваше ликот и делото на Св. Климент во рамки на историската секција.

Ние од историската секција правевме заеднички проект со кој сакавме да ги истакнеме животот, делото, но и мисијата на Св. Климент. Тој е една од најзначајните личности за нашиот народ затоа што помогнал да се описмениме и во наследство ни ја оставил кирилицата-ни објасни Методи, кој се пофали дека научил многу нови нешта од овие работилници. Научив дека Климент е еден од учениците на Св. Кирил и Методиј и дека тој бил нивни придружник во Моравската мисија, тој е прв словенски епископ и основач на Охридската книжевна школа-со восхит додава Методи.

Организатор на настанот е Здружението за креативни концепти од Прилеп, а настанот го органзираше во соработка со Општина Прилеп, Институтот за старословенска култура, Преспанско-пелагонсиската епархија и Прилепското архиерејско намесништво.

Претседателот на Здружението за креативни концепти од Прилеп, чтец Андреј Иваноски порача да ги следиме Климентовите духовни начела.

Својот залог и аманет кој ни го оставил Свети Климент Охридски е да го истражуваме сѐ она што ни го оставил како свое наследство. Да напредуваме во знаењата и да се натпреваруваме себеси едни со други во љубовта меѓусебно и да не ја заборавиме,но да ја оживотвориме православната вера зачувувајќи ја чиста како што ни е оставена од апостолите преку нивните наследници од кои за нас најбитни се Светите Кирил и Методиј и нивните ученици Свети Климент Охридски и свети Наум, Сава, Горазд и Ангелариј и продолжувајќи го нивниот пример кој ни е оставен во аманет-порача Иваноски.

Сите дела од учениците ќе бидат објавувани на страницте на списанијата за деца што ги објавува Просветно дело.

 

Филип Димкоски

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(Видео+Фото) Таа со жар ја освојува музичката меѓународна сцена – ново признание за музичкиот бисер Михаела Пурдеска

Таа полека го освојува светот. Гордост е на Прилеп. Нејзината музикалност, дарба и желба за музички дострел, стануваат реалност. Тоа го потврди и забележа и жирито, на музичкиот фестивал за млади во Котор, Црна Гора, кој оваа година се одржува за прва пат.              ...

Вечерва Прилеп почнува да живее со театарската маѓија – започна 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Под мотото “Храбриот нов театар“  и тематика “ Кризата на човекот во опшеството и кризата на опшеството во чеовекот“ , вечерва,  со претставата “Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски на Драмски театар од Скопје, започна  60 јубилјено издание на македонскиот театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот започна...

(ФОТО-ВИДЕО)🌄Природата – инспирација за модна креација🥻Trash Fashion модна ревија во СОУ Ѓорче Петров

На светскиот ден на животната средина, денеска во дворот од СОУ ” Ѓорче Петров” се одржа модната ревија Trash Fashion на тема “Природата – инспирација за модна креација”.  Со овој настан учениците покажаа дека материјалите и облеката кои често ги сметаме за отпад можат да добијат нов живот. Учествуваа 20...