Мирен почеток на 2026 година во Кочани – дежурните служби без поголеми интервенции

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

 

Новогодишната ноќ во Кочани поминала релативно мирно, информираат дежурните служби, а информациите ги потврдија за Радио Кочани надлежните институции.

Во Општата болница со проширена дејност во Кочани, во службата за Итна медицинска помош биле прегледани вкупно 26 лица.

Кај пациентите била евидентирана здравствена симптоматологија што не била поврзана со новогодишната прослава.

Укажана била помош и на едно лице со полесна телесна повреда добиена во физичка пресметка.

Како што информира за Радио Кочани во кочанската општа болница во наведениот период не биле регистрирани случаи на алкохолна интоксикација.

Воедно, на Гинеколошко-акушерското одделение немало породувања, па Кочани сè уште го очекува првото новороденче во 2026 година.

Од СВР Штип – ОВР Кочани соопштија дека во текот на ноќта било лишено од слобода едно лице поради опасно однесување во сообраќајот, откако се движело во спротивен правец на кружен тек и по една од градските улици.

Мирна новогодишна ноќ регистрирала и Територијалната противпожарна единица Кочани, која немала интервенции.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Почина Горан Крстев – Грга, поранешен градоначалник на Општина Чешиново-Облешево

Почина поранешниот градоначалник на Општина Чешиново‑Облешево, Горанчо Крстев – Грга. Крстев беше на чело на општината во периодот од 2017 до 2021 година, оставајќи белег во локалната самоуправа и политичкиот живот во регионот. Во јавноста беше препознатлив по својата директност и ангажираност во општинските прашања. Според информациите, тој починал во Турција, каде што престојувал во

Ловното здружение ,, Осогово” повторно стана корисник на ловиштата Бање и Подлог

Ловното здружение „Осогово Кочани“ повторно стана корисник на ловиштата бр.5 „Бање“ и бр.6 „Подлог“ за следните 20 години. Членовите на здружението изразија благодарност до сите досегашни и идни членови и соработници кои придонесоа за остварување на целите и обврските на здружението. „Се надеваме дека соработката ќе продолжи и традицијата на ловење, која постои од 1924

Одлична премиера на карате турнирот „63 ангели“ – Кочани и Сансаи најуспешни клубови во борби и кати

Најуспепешен клуб на Меѓународниот карате турнир „63 ангели“ во Кочани е КК Кочани, воедно и најмасовен, додедка Алексeј Ристов и Илина Костадинова од истиот клуб се најдобрите натпреварувачи во борби во машка и женска конкуренција. Сансаи Метал Апостолов е најдобар клуб во кати и во машка и во женска конкуренција. Беа прикажани добри борби, особено