Мирче Паунов – нов в. д. директор на КЈП „Водовод“ – Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски го именува Мирче Паунов за нов в. д. директор на КЈП „Водовод“ – Кочани.

– Паунов е внатрешно решение за КЈП, со кого заеднички ќе работиме на финансиска консолидација, реорганизација и подобрување на услугите што ги испорачува „Водовод“.

Ќе бидеме фокусирани на скратување на сите непотребни трошоци, сѐ со цел „Водовод“ што побрзо да излезе од финансиската криза. Мирче Паунов е чесен човек, кој доаѓа од угледно семејство и верувам дека ќе ја продолжи традицијата на значаен јавен придонес за заедницата.

Со назначувањето на Паунов започнуваме со департизација во раководењето и вработувањата и професионално функционирање на јавниот сектор – соопшти в. д. градоначалникот. Крстевски најави дека од Државниот завод за ревизија ќе побара вонредна ревизија за работењето на КЈП „Водовод“, кое има долг од околу 3 милиони евра. Новиот в. д. директор Мирче Паунов е дипломиран машински инженер, со 14-годишно работно искуство во КЈП „Водовод“ како вработен и раководител на Комунална хигиена.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во ОУ „Никола Карев“ формиран извиднички одред

Традицијата за планинарење и часови во природа во ООУ „Никола Карев“ – Кочани доби нова, уште поубава димензија. Во кругот на училиштето денес се споија ентузијазмот, знаењето и љубовта кон природата, создавајќи еден навистина посебен настан официјалната промоција на „Извиднички Одред “Никола Карев“. Иако одредот функционира како секција во училиштето уште од септември 2025 година,

Известување од ОУ „Св. Кирил и Методиј“

Ве информираме дека денес во училиштето беше примена дојава за наводно поставена бомба. Учениците од предметна настава беа веднаш и безбедно евакуирани, а надлежните служби од МВР извршија увид и проверка на училиштето. По спроведената проверка, констатирано е дека дојавата е лажна и не постои опасност по безбедноста на учениците, вработените и училишниот објект. Наставата

Кочани – градот што тагува и се бори да преживее

Економски, по трагедијата во „Пулс“ Кочани е далеку од заздравување, бидејќи некои од бизнисите, особено малите, се затворија и тешко некогаш да проработат. Други се одржуваат во работа, во исчекување дека ќе стигне дел од ветената помош за малите бизниси. Големите пак, како странската инвестиција „Амфенол“, која вработува над 3000 работници, се соочи со последиците