Министерство за социјална политика: ќе се обезбедуваат сите центри и јавни установи за социјална заштита во Македонија

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Министерството за социјална политика, демографија и млади денеска на својата официјалната страница се огласи по обидот за убиство во прилепскиот Центар за социјална работа. Во известувањето до јавноста ресорното министерство го осудува насилството и информира дека ќе се обезбедуваат сите центри и јавни установи за социјална заштита во Македонија за што веќе е покрената постапка за јавна набавка.

Министерството за социјална политика, демографија и млади ја известува јавноста дека го осудува секој чин на насилно однесување или било која друга форма на однесување со која физичката и психичката состојба на вработените во центрите за социјална работа е ставена во ризик. Земајќи ја предвид сензитивноста на работните задачи на вработените во центрите за социјална работа кои се секојдневно изложени на ризик по сопственото здравје и живот, а во насока на нивна заштита министерството и пред да се случи немилиот настан во Центарот за социјални работи Прилеп, ја започна постапката за физичко обезбедување на сите центри и јавни установи за социјална заштита на ниво на држава. Оваа постапка е во завршна фаза, што значи дека наскоро ќе биде објавен и јавниот оглас за јавна набавка. Како Министерство апелираме до сите институции навремено и ефикасно да се преземаат дејствијата кои се во рамки на нивните надлежности, а во насока на обезбедување на безбедност и сигурност на работните места на сите вработени. Министерството изразува жалење за немилиот настан во Центарот за социјални работи во Прилеп и на повредената вработена во истиот и посакува брзо закрепнување. Истовремено, изразува и убедување дека се што е во рамки на надлежностите на министерството се презема и така и ќе продолжи во иднина.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Проданоски оствари средба со амбасадорите на Германија и Франција

На германските гробишта во Прилеп денеска по повод „Денот на примирјето“ и „Денот на народната жалост“, им беше оддадена почит на жртвите од Првата светска војна. Делегации од амбасадите на Сојузна Република Германија и Република Франција, предводени од амбасадорите Н.Е. Петра Дрекслер и Н.Е. Кристоф Ле Риголер, делегација од Општина Прилеп,...

(ВИДЕО) Тутунски Комбинат подготвен за старт на откупот

На 18 ти ноември, вторник, Тутунски Комбинат на 34 пунктови и 37 ваги почнува со откуп на договорените количини од 2 милиони и 300 илјади кгр. ориентален тутун.  Средствата за исплата се обезбедени. Цените договорени во март се највисоки досега, а доколку има корекции за повисоки цени, Комбинатот ретроактивно ќе...

“Средби со граѓани“ функционира! Остварени средби и надеж за соработка – прв примен ден и отворени врати за граѓаните на Општина Прилеп

Првиот најавен и организиран приемен ден со граѓаните на Општина Приелеп, е отценет како успешен. 20 – тина прилепчани имаа можност да ги изнесат своите сугестии, предлози, идеи и да побараат помош од локалната власт. Целта на средбите со граѓаните  е да се идентификуваат реалните потреби и да се понудат...