Министерот за култура Зоран Љутков на средба со градоначалникот Владко Грозданов

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Министерот за култура Зоран Љутков ја посети Општина Кочани и оствари средба со градоначалникот Владко Грозданов.

 Разговаравме за состојбата на културата на локално ниво и добивме целосна поддршка од Министерството и министерот Љутков за решавање на актуелни проблеми и потреби во оваа сфера – соопшти градоначалникот Грозданов.

Како поддршка на Кочани во периодот по трагедијата, Министерството за култура издвои износ од 2 милиона денари за идејно решение за спомен-обележјето за починатите во трагичниот пожар.

Министерот и градоначалникот ја посетија локацијата каде што се очекува да се гради спомен-обележјето.

Тие го посетија и Центарот за култура „Бели мугри“, разговараа за можноста да се приспособи простор за Музеј на македонската рок-музика и за можни реконструкции во објектот.

Министерот Љутков ја нагласи целосната поддршка, отвореност и подготвеност за соработка со Кочани.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Учениците од ООУ „РАДЕ КРАТОВЧЕ“ со театар на сенки ја освојуваат публиката – иницијатива што прераснува во културен караван

  Во изминатиот период беше реализирана креативна и едукативна иницијатива – театар со сенки, која предизвика голем интерес кај публиката и доби бројни позитивни реакции од колеги, наставници и институции од земјата и регионот. Проектот, во кој активно учествуваат ученици, покажа дека ваквиот вид уметнички израз има силен едукативен, емотивен и терапевтски ефект. Преку сенки,