Министерот Трипуновски тврди: “Годинава нема потреба да увезуваме пченица!“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Со повеќе од 280 000 тони пченица од овогодишното производство, речиси целосно ги задоволуваме потребите на земјата и оваа година нема потреба да зависиме од набавки од странство, изјави во Прилеп министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, кој денес присуствуваше на манифестацијата „Млеко 2025“.

Оваа година се проширени површините со пченица, а приносот е квалитетен и доволен за домашните потреби.

„Со добриот квалитет, со квантитетот што го постигнуваме, Македонија ќе застане на сопствени нозе, нема потреба да зависиме од увоз на пченица од соседните држави или од други земји, туку, нашите земјоделци ќе произведуваат за нашите преработувачки капацитети.Министерството и Владата се на располагање, овие квалитет и квантитет да ги отсликаме за наредната, 2026 година“, рече Трипуновски.

Според Министерот Трипуновски, исклучително добриот квалитет на пченицата е прифатлив за мелничко-пекарската индустрија, а и стоковите резерви се полнат со домашна пченица.

„Со добриот квалитет, со квантитетот што го постигнуваме, Македонија ќе застане на сопствени нозе, нема потреба да зависиме од увоз на пченица од соседните држави или од други земји, туку, нашите земјоделци ќе произведуваат за нашите преработувачки капацитети.Министерството и Владата се на располагање, овие квалитет и квантитет да ги отсликаме за наредната, 2026 година“, рече Трипуновски.

Во пресрет на есенската сеидба ќе се настојува да се задржат овогодишните квалитет и количина на пченицата. Ќе следат серија состаноци со земјоделците.

„Планиаме одредени модификации за ова производство да го стабилизираме и по можност да го зголемиме. „Ќе разговараме за програмата за 2026, за семенскиот материјал, за некаква дополнителна поддршка, со цел овој стратешки производ да го одржуваме бидејќи е многу важен за нашата држава и ова ниво на производство треба да го одржиме.Владата и министерството се партнери на земјоделците, така ќе продолжиме и во наредниот перид“, изјави во Прилеп министерот Трипуновски.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Блерим Ислами официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Долнени

Денеска, Блерим Ислами официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Долнени. По тој повод тој на својот ФБ профил напиша: Тој доаѓа на местото градоначалник од Коалицијата ВЛЕН.

Мечката му го откинала носот на 46-годишниот Ицко Милески од с.Секирци

Жител на долненското село Секирци, 46-годишниот Ицко Милески се лекува на клиниките во Скопје по вчерашниот напад на мечка бри берење на печурки. Милески, вчера околу 13 часот, со пријател бил на вообичаена берба на печурки во атарот на селото Рилево, кога одненадеж го нападнала мечка. Сето се случило за...

В четврток, по шести пат „Љубење со стихови“ во Прилеп

В черврток на 13 ноември, од 19.30  часот во фоајето на Центарот за култура  „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе се одржи шестото издание на поетско-музичкиот  перформанс „Љубење со стихови“ на поетот Филип Димкоски и поетесата Лина Димоска. Како и во претходните изданија, поетите ќе рецитираат дел од песните кои го...