Минчев од Кочани: Подржете ја листата на ЗНАМ и носителот Мехмед Суад за градоначалник довербата дајте му ја на Влатко Грозданов

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за наша Македонија, Горан Минчев, денеска ги повика граѓаните на Кочани – членови и симпатизери на неговата партија на претстојните Локални избори што ќе се одржат на 19 октомври да ја подржат  листата под реден број 2 со кандидати за советници на ЗНАМ чиј носител е Мехмед Суад. Исто така, тој ги повика кочанчани, во трката за градоначалничката функција, пак, подршката да му ја дадат на  Влатко Грозданов, надпартиски кандидат, предложен од ВМРО – ДПМНЕ.

Суад Мехмед е добро познат на кочанчани. Тој е ваш комшија, пријател. Подржете го. Вие сте негова обврска, а Суад за возврат ќе го испорача сето она што се вели подобар стандард и живот. Воедно,  ја користам приликава, во трката за градоначалник, кочанчани да ги пвикам да го дадат својот глас за Влатко Грозданов, човек кој доаѓа од домаќинско семејство, професионалец, мирен и скромен. Јас се надевам дека Грозданов ќе го испорача тоа што во овој момент им треба на кочанчани.Сигурен сум во неговата победа и можам да кажам дека тој е гарант за успехот на сите , порача Минчев, откако претходно ја промовираше Листата со кандидати за советници на ЗНАМ, предводена од Мехмед Суад.

Генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев, рече дека, програмата на неговата партија  за овие локални избори е направена заедно со граѓаните, откако во претходните два месеци се дектирани главните проблеми на локално ниво, при што акцентот е ставен на инфраструктурните проекти.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Мицковски – Има доволно нафта и нафтени деривати, граѓаните да бидат спокојни

-Имавме состанок со поголемите дистрибутери на нафта и нафтени деривати. Заедникки беше заклучокот дека има доволно нафта и нафтени деривати. Граѓаните треба да бидат спокојни, кај нас цената е драматично пониска од онаа во соседството. Ако литар во Србија е 120 денари, кај нас е 70, исто е ако споредиме и со Косово, Албанија. Уште

Претрес во виничко, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

  На 06.03.2026 во 19:00 часот во с.Градец, виничко, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.А.(19) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Виница, полицискиte службеници пронашле и одзеле марихуана. За време на претресот, во неговиот дом биле затекнати две други лица, на кои им

Ќе се гради дел од улицата „Никола Карев“ и новиот јужен булевар во Кочани – договор вреден 1,9 милиони евра

Министерството за транспорт склучи договор за изградба на дел од сообраќајната инфраструктура во Кочани, со што ќе се реализираат зафати на две значајни градски улици. Според информациите, договорот е потпишан со компанијата „ОСД Кирил“ ДООЕЛ од Штип, која ќе ги изведува градежните работи. Проектот опфаќа изградба на дел од собирната улица „Никола Карев“, како и