Милевски: Виница заслужува ред и напредок, да не ја препуштиме повторно на локалните шерифи.

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Кандидатот за Градоначалник на СДСМ, Гоце Милевски, од трибината во Виница побара поддршка од граѓаните, потенцирајќи дека ова не е само кампања, туку борба за иднината на Виница. Тој повика на заедничка акција, јасно нагласувајќи дека промената е можна

„Денес не сум само кандидат за градоначалник, денес сум човек со мисија: да ја вратиме Виница таму каде што припаѓа“, порача Милевски.
Милевски остро се осврна на досегашното локално владеење и политичката клима, повикувајќи на одговорност и нов почеток.
„Сакаме ли Виница повторно да ја препуштиме во рацете на локалните ’шерифи‘ кои мислат дека сè им е дозволено и дека градот им припаѓа само на нив? Јас не верувам дека тоа е Виница што ја сакаме“, истакна тој, додавајќи: „Верувам дека можеме подобро, дека можеме да изградиме град со ред, закон, човечност и почит.“
Милевски  ја побара поддршката од граѓаните и го претстави неговиот план за конкретни, реални и остварливи проекти, кои, како што рече, не се празни ветувања, туку патоказ за развој: Изградба на дом за стари лица, грижа со достоинство за повозрасните, нов булевар на влезот во Виница, решавање на атмосферската канализација, спортска сала за ООУ „Гоце Делчев“, велосипедски патеки, зелена и чиста Виница, ред во сообраќајот и паркирањето, улично осветлување и поддршка за културата и уметниците.
„Ова не се ветувања, туку планови што ќе ги реализираме, чекор по чекор, проект по проект. На 19 октомври, излезете масовно. Заокружете го бројот 5, затоа што е глас за нашата иднина“, порача од Виница, Гоце Милевски, кандидат за градоначалник на СДСМ.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Претрес во виничко, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

  На 06.03.2026 во 19:00 часот во с.Градец, виничко, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.А.(19) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Виница, полицискиte службеници пронашле и одзеле марихуана. За време на претресот, во неговиот дом биле затекнати две други лица, на кои им

Ќе се гради дел од улицата „Никола Карев“ и новиот јужен булевар во Кочани – договор вреден 1,9 милиони евра

Министерството за транспорт склучи договор за изградба на дел од сообраќајната инфраструктура во Кочани, со што ќе се реализираат зафати на две значајни градски улици. Според информациите, договорот е потпишан со компанијата „ОСД Кирил“ ДООЕЛ од Штип, која ќе ги изведува градежните работи. Проектот опфаќа изградба на дел од собирната улица „Никола Карев“, како и