Пишува: Слободан ТОМИЌ
ТРЕТАТА ПОСЕТА НА МИЦКОСКИ ВО САД – ПАНИКА КАЈ ПЛАТЕНИЦИТЕ И ПЕТТОКОЛОНАШИТЕ
Најновото патување на премиерот Христијан Мицкоски во САД повторно ја разоткри нервозата и двојните аршини на оние што со години ја пустошеа Македонија, а сега се преправаат во некакви „морализатори“ и „демократи“.
Овој пат, Мицкоски оди во Вашингтон на Конференцијата за конзервативна политичка акција (CPAC) – форум каде што се собираат водечките десничарски и конзервативни политички сили од целиот свет. Присуството на премиерот на ваков настан, каде што свои говори ќе одржат личности како Роберт Фицо, Лиз Трас, Стив Бенон и други, не е случајност.
Ова е уште една потврда дека Македонија конечно ја гради својата сувереност и позиција во меѓународната политика, наместо да биде вечно поданички настроена кон бирократите од Брисел, Берлин и Париз.
Но, наместо да го анализираат значењето на оваа посета, добро познатите платеници од поранешниот режим на Заев, Ахмети, Димитров и Османи веднаш почнаа да ликуваат по нивните медиуми и портали, напаѓајќи го Мицкоски со банални и проѕирни аргументи.
КОЈ СЕ ПЛАШИ ОД ТРАМП И НОВИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОК?
Очигледно е дека вистинската причина за нападите врз Мицкоски не е самото патување, туку стравот од промените што доаѓаат во глобалната политика.
Со враќањето на Доналд Трамп на светската сцена, завршува ерата на безличните бирократи кои ја држеа Македонија во заложништво, принудувајќи ја да се самоуништува за „ветувања“ што никогаш не беа исполнети. За потсетување, токму овие „либерални“ структури го создадоа најголемото национално предавство – промена на името, која ја наметнаа без поддршка од народот.
Кога Зоран Заев, Никола Димитров, Бујар Османи и Димитар Ковачевски патуваа по светот, нивните средби служеа само за исполнување на туѓи агенди. Денес, кога Мицкоски се среќава со луѓето кои ја обликуваат иднината на Америка и светот, старите платеници паничат.
„МОРАЛНИТЕ“ КРИТИЧАРИ ШТО ЈА УРНИСАА МАКЕДОНИЈА
Да се разбереме, денес најгласни противници на патувањето на Мицкоски се истите оние кои:
Го променија уставното име без да прашаат никого.
Потрошија и украдоа 32 милијарди евра од буџетот.
Не изградија ниту еден километар автопат во 7 години.
Не изградија ниту еден клинички центар.
Ја оставија Македонија без функционално здравство, што доведе до трагични загуби.
ЗДРАВСТВЕНАТА КАТАСТРОФА – НЕСПОСОБНОСТ, КОРУПЦИЈА И НЕКАЗНИВОСТ
Катастрофалната политика на тие што денес морализираат не само што ја осакати македонската економија и суверенитет, туку остави траги и во здравствениот систем, каде што корупцијата и неказнивоста доведоа до трагедии како смртта на новинарот Ѓорѓи Томиќ.
Според стручната јавност, професорите од клиниките „Мајка Тереза“ и „Систина“, каде што Томиќ работеше како маркетинг менаџер, неговата смрт мора да биде истражена до крај.
Одговорноста лежи кај директорката на Клиниката за хематологија,Соња Ставриќ одделенската докторка Марија Панова и дежурната докторка Невена Риддева, чиј недостаток на професионалност и хуманост, според лекарски и новинарски извори, биле клучни фактори во овој трагичен случај.
Министерот за здравство, Арбен Таравари, е должен да го истражи случајот и да преземе мерки против оние кои дозволиле да се случи оваа трагедија. Општеството и институциите мора да се грижат за загубата на ова семејство и да обезбедат правда за неговите два сина.
ЗОШТО Е ВАЖНО ШТО МИЦКОСКИ ОДИ ВО ВАШИНГТОН?
За разлика од тие што ја уништија Македонија, Мицкоски оди во Вашингтон на покана. Оди таму каде што вистински се одлучува за глобалната иднина.
Оди на конференција каде што ќе се градат новите политички сојузи, а Македонија конечно ќе има свој глас.
Тоа е најголемиот страв на старата гарнитура, која со години служеше на „глобалистичките“ центри за моќ.
КРАЈ НА ПРИВИЛЕГИИТЕ НА ПЛАТЕНИЧКАТА ЕЛИТА
Со посетата на Мицкоски на CPAC, Македонија прави важен чекор напред. Веќе не е доволно да се биде „послушник“ во Брисел. Денес, државите што ја водат конзервативната политика, како Унгарија, Словачка и Полска, се тие што обезбедуваат вистински национален просперитет.
Ова е политиката што Мицкоски ја следи – суверена, државотворна, патриотска.
Затоа нападите врз него нема да запрат. Но, тоа само покажува дека Македонија конечно излегува од канџите на старата мафијашка гарнитура.
Стравот кај платениците е очигледен. Нивната моќ слабее, нивните наредби од надвор веќе не важат. Македонија е на пат кон своето национално будење.