Мицкоски: Во Кочани видов ужас и пекол, го разбирам гневот на родителите на настраданите, правда ќе има

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во неговото гостување во поткастот „Каде се парите“ говорејќи за трагедијата во Кочани истакна дека тоа што таму го видел било ужас и пекол, го разбира гневот на родителите на настраданите и порача дека правда ќе има.

„Да нема дилема во определбата моја лична и на владата против организираниот криминал и корупција. Тоа што можевме да постапиме, постапивме, сите кои по вертикала на одреден начин без разлика дали се именувани од сегашната или претходните влади ќе бидат разрешени, беа разрешени, дали е за началникот во Кочани, Штип, сите беа. Но кој ќе се гони и кој ќе има одговорност покажува истрагата која ја води обвинителството. Факт број два е дека овој обвинител и обвинители не ги бираше оваа влада. Опозицијата се обидува да овој процес го наметне врз владата дека е селективна, но можам да кажам не само што не сме селективни, туку по секој налог на обвинителството ќе постапиме. Ќе потсетам за разликата на оваа влада и претходните, направете компарација на овој случај и сите претходни. Трето ќе потсетам дека пред една недела беше приведен директор именуван од оваа влада кој барал мито. Тој беше приведен и изведен пред суд“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски потенцираше дека ги разбира родителите и апсолутно може да се согласи со нив и ја разбира нивната емотивна состојба во моментов.

„Јас тоа утро заедно со министерот за внатрешни работи бев на лице место и видов тоа што го видов. Се носеа брзи одлуки со политичка тежина, со голема одговорност која во тој момент беше префрлена лично на моите плеќи. Голем дел од луѓето со кои зборував ми рекоа оваа одлука е на ваша одговорност бидејќи да се транспортираат интубирани пациенти во така тешка состојба во тој момент немаше многумина кои сакаа да прифатат одговорност. Ги разбирам родителите, знам колку беше за мене тоа стресно. Веднаш отидовме во Кочани тоа утро, тоа што го видовме беше лично пеколот и ужасот, но поголем беше притисокот кога знаете дека имате повеќе од 200 повредени кои лесно може да ги загубат животите и факт е дека тоа утро се носеше одлука која имаше голема политичка, но и човечка димензија“, рече премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски изрази благодарност до сите кои помогнаа особено соседните земји кои уште утрото први се јавија за помош и додаде дека се носеле тешки одлуки во тие моменти, но тие одлуки спасија животи.

„Први кои понудија помош беа соседите, зборувам уште рано утрото пред 7 часот, се јавија со организиран превоз, авион, од приватна болница се обезбедија и возила за транспортирање на повредените, од други соседи хеликоптер, па од други уште два авиони. Тогаш кога требаше да се носи одлука се носеше со голема политичка и човечка димензија. Во тој момент нема да именувам кој како што, но одлуката која што се донесе беше „вие премиере“ треба да одлучите. Сѐ би дал да можам да ги вратам животите на тие млади луѓе и оваа колективна траума ќе не следи, не би се сложил дека процесот е завршен. Допрва следи медицинскиот третман на тие кои го преживеаја сето ова, допрва ние како држава треба да се грижиме за тие семејства, но и на повредените. Убеден сум во способноста на нашите доктори и им благодарам за сѐ што направија и знам што направија и со каква саможртва се посветија на сето ова во деновите кои следеа, но ако не реагиравме така со транспортот на повредените ќе имавме повеќе починати луѓе“, нагласи премиерот Мицкоски.

Во однос на одговорноста премиерот Мицкоски посочи дека веќе се преземаат активности и веќе е видливо на терен, и додаде дека мора да има одговорност не само за овој случај туку и за претходни случаи.

„Мое лично субјективно мислење, да не биде погрешно разбрано дека вршам каков било притисок, мора да има неселективна одговорност, не само за овој случај, туку и за случаевите во минатото, затоа што сѐ уште се свежи сеќавањата и длабоки се раните на оние семејства кои изгубија свои и во претходните трагедии и во модуларната во Тетово, и кај Ласкарци и во Беса Транс. Тука треба похрабар чекор да има од страна на обвинителството, но тоа зависи од нив. Вие нема да имате промена на систем ако немате институционална, но и законска одговорност. Констатирале неправилности институциите и работиме тоа да го промениме, нема да биде лесно и преку ноќ но мора да имате отчетност пред законите за да овие работи не ни се повторуваат“, изјави премиерот Мицкоски.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Министерството дозволува паралелки со помал број ученици, СОНК бара од Крстевски 50 – те наставници да се вратат на работа

Повеќе од 50 наставници од кочанските училишта останаа без работа, откако после 31 август договорите на определено време не им се продолжени. Министерството за образование и наука донесе одлука за формирање паралелки со помал број на ученици и испрати допис до општинската администрација. Советот на Општина Кочани на својата последна седница усвои иста таква одлука

Официјална изјава на Макпрогрес доо Виница бр.2

Почитувани како што претходно најавивме во врска со катастрофалниот пожар повремено ќе ја известуваме јавноста со нови и значајни информации. Сите што беа повредени и хоспитализирани се пуштени дома и се чувствуваат добро. Еден од пожарникарите останува и вечерва хоспитализиран и неговата состојба е добра и се следи од здравствените служби и од тимот за

ВМРО-ДПМНЕ со натпартиски кандидат за Кочани – поддршка за д-р Владко Грозданов за претстојните Локални избори

  Партијата ВМРО-ДПМНЕ денеска официјално ги објави последните пет кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Посебно внимание предизвика најавата за Кочани, каде партијата ќе го поддржи натпартискиот кандидат д-р Владко Грозданов. Имено, за разлика од другите општини каде што се предложени партиски кадри, ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека во Кочани ќе се обедини околу кандидат кој