Мицкоски од Прилеп: Македонија го зајакнува својот одбранбен капацитет

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Министерството за одбрана реализираше две големи набавки за муниција, набавка на опрема за хаубиците, нови армиски артилериски орудија шест хаубици 105 мм  „Боран“ и друга придружна опрема, набавени од Турција кои беа денеска промовирани во касарната Мирче Ацев во Прилеп.

„Денеска стоиме пред важен чекор на нашата држава, го зајакнуваме својот одбранбен капацитет, ја модернизираме својата армија и јасно покажуваме дека знаеме да вложуваме одговорно, стратешки и во интерес на безбедноста на своите граѓани,“ рече премиерот Христијан Мицкоски“.

На настанот присуствуваа и министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, амбасадорот на Република Туркие во Македонија Фатих Улусој. Набавката е направена од сојузничка Турција, а е во рамки на процесот за модернизација и опремување на Армијата.

-Со гордост објавувам дека Министерството за одбрана успешно реализираше два значајни договори за набавка на нова современа воена опрема – опрема која е целосно усогласена со НАТО стандардите. Ова не е само набавка. Ова е визија за Македонија како стабилна, сигурна и подготвена членка на НАТО Алијансата. Ова е порака дека државата станува сила што застанува на свои нозе, рече Мицкоски.

Во рамки на првиот договор, додаде тој, се набавени и веќе испорачани шест хаубици – моќни артилериски системи кои ќе го засилат капацитетот на нашата Армија. Заедно со нив е предвидена и набавка на муниција со зголемен дострел, чија испорака и исплата се планирани во текот на 2026 година. Со вториот договор, обезбедена е набавка на опрема за хаубиците – системи за комуникација и контрола на оган кои значително ќе ја зголемат огнената моќ и прецизноста на делувањето на нашите единици.

Набавката не е не е изолиран случај, рече претседателот на Владата, посочувајќи дека државата вложува во економијата, енергетиката, земјоделието, во здравството, образованието, во одбраната, за развој на државата како целина.

-А, силата на една држава се гледа токму во способноста да го заштити својот суверенитет, да го гарантира својот мир и да стои цврсто кога е предизвикана. Без безбедност, нема стабилен развој. Без силна одбрана, нема трајна стабилност. Ова не се само бројки. Ова се живи сведоштва за новиот пристап кој го градиме – пристап во кој безбедносниот систем се развива темелно, домаќински и со јасна цел. Да обезбедиме одбранбен систем кој ќе се темели на сопствена сила и стратегија, рече премиерот.

Со опремата смета тој, армијата ќе биде помоќна попрецизна и поусогласена со НАТО стандардите, потенцирајќи дека веќе нема импровизации, застарена опрема и декларативна поддршка, туку реални инвестиции, план, стратегија, волја, а и одговорност.

-Со оваа набавка, ја градиме државата која самоуверено стои рамо до рамо со сојузниците. Македонија која се грижи за своите војници, која ја почитува својата Армија и која знае дека силна Армија значи сигурен народ. На сите припадници на Армијата – ви честитам. Оваа опрема е за вас. За вашата безбедност, за вашата способност и за вашата посветеност кон татковината. А вие сте нашиот прв бедем и гордост на Македонија. Македонија мора да успее. А ќе успее само ако е силна, самостојна и сигурна. Ги градиме темелите на промените, рече Мицкоски.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски се заблагодари на Турција, турскиот амбасадор и аташето за опремата за која кажа дека значајно ќе придонесе за безбедноста на државата, но и за поддршката при несреќи, катастрофи, нагласувајќи дека е заемна поддршката.

– Ние во Министерството за одбрана и Генералштабот на армијата сме максимално посветени во градење на македонските одбранбени капацитети кои значат силно подготвена и опремена армија секогаш подготвена да одговори на потребите на граѓаните и на безбедноста на државата. Доказот за тоа го гледаме и тука денеска пред сите нас, оваа нова опрема којашто е дел од вложувањето на артилерискиот баталјон артилериска батерија со шест хаубици „Боран“ влијае сериозно на зголемувањето на борбената готовност на Армијата и нејзината способност да ја гарантира безбедноста на Македонија и сигурноста на македонските граѓани, рече министерот Мисајловски.

Опремата рече министерот е произведена во Турција согласно највисоките НАТО стандарди, нагласувајќи дека набавката преку договорот влада со влада упатува јасна порака дека државата има огромна доверба во високиот квалитет на производите од турската воената индустрија.

Пред присутните се обрати и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и амбасадорот Улусој.

 

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Дрвократци кај Беловодица фатени на дело

Краделе дрва од атарот на с.Беловодица, а полицијата ги лиши од слобода и им ги одзеде и дрвата, и пилите. Настсанот се случил на 15.01.2026 ,попладен , во 17:15 часот во атар на  с.Беловодица, (прилепско),каде полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода Н.Б.(47) и Е.А.(45), двајцата од Прилеп,...

Прилеп Водици 2026: Пријавени над 500 лица за учество на традиционалното полагање на светиот крст

Над 500 лица се пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот во Прилеп и во прилепско на Богојавление – Водици. Централната манифестација ќе се одржи во Аква паркот Салида, а се очекува над 100 лица да земат учество на 19 ти јануари само на овој наста. Чинот на големиот...

Млад возач тешко повреден – излетал од коловозот на регионалниот пат Битола – Прилеп

Синиќа, пред полноќ , 24 годишен Прилепчанец управувајќи го своето возило излетал од патот Битола – Прилеп и се здобил со тешки повреди. На 15.01.2026 во 23:32 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола – Прилеп, патничко возило „форд ескорт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б.(25) од...