Мермерниот комбинат и’ донираше на болницата коронарен стрес тест апарат

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Мермерниот комбинат – Прилеп на ЈЗУ Општа болница во Прилеп денеска и’ донираше современ коронарен стрес тест апарат. Бидјеќи, болницата го немала овој апарат повеќе од една деценија, оваа метода не се користела,  па пациентите биле препрајќани во други болнички центри во Македонија.

Методата стрес тест или ергометрија неинванзивна, но доста вредна метода во кариологијата, бидјеќи е лесна за изведување,  а од практичен и научен аспект ни е потребна за дијагностицирање каде имаме нејасна причина за градна болка или рана детекција на коронарна артериска болест –  истакна д-р Александра Милеска Благојеска, кардиолог при општата болница Прилеп.

Започнуваме со двајца кардиолози, ни треба обука за сестри, планираме ангажирање на лекари од други кардиолошки центри за обука на млади специјалисти, специјализанти кои се на специјализација, за да има континуитет оваа метода – рече раководителот на интерното одделение, Трајче Ржаникоски

Ќе даваме максимум да ги опремиме сите одделенија во болницата. Дел ќе опремуваме со донации, дел со сопствени средства, а дел преку Министерството за здравство, со цел болницата да го фаќа трендот на модерното здравство – рече при оваа прилика директорот на ЈЗУ општа болница  „Борка Талески“-Прилеп, Кире Јоноски

Оваа опрема дирекно ќе ја подобри способноста на болницата да идентификува кардиоваскуларни проблеми ,пред тие да станат опасни по живот, што би довело до поздрави граѓани на Прилеп. Посветени сме на поддршката на здравствените работници и обезбедување грижа за нашата заедница – рече директорот на Мермерниот Кобинат, Василеос Анагностоу

Ова е втор донација во овие два дена за ЈЗУ Општа болница  „Борка Талески“- Прилеп од опшествено одговорните компании во градот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Љубење со стихови“ – потсетник зошто вреди да се сака и зошто поезијата не е луксуз

 Во свет полн со брзина и бучава, вечерта на „Љубење со стихови“  беше како здив на тишина, како допир на душа со збор. Во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, поетите Филип Димкоски и Лина Димоска го претворија просторот во храм на емоции, каде стиховите не се...

(ВИДЕО) Љубење со стихови – поезија , дружење , моменти за незаборав

Поетско љубовниот перформанс кој вечерва повторно го покажа својот раскош пред прилепчани , „Љубење со стихови” повторно ја имаше својата магична вечер.Една несекојдневна,посебна поетска галаксија  која едноставно те тера да не ги штедиш дланките а претходно да уживаш во стиховите кои на свој препознатолив начин пред присутните ги презентираа ,...

Дрворедите се обновуваат, но несовесните граѓани ги кршат за паркинг

Тековно врши замена на дрворедите,засадувајќи нови садници. Минатиот период биле засадени околу 150 зимзелени дрвца на повеќе локации во градот, итакна директорот на ЈКП Комуналец. “Засадивме на Могилата на непобедените, исто така и во кругот на капелата на старите градски гробишта.  Бидејќи прашањето беше дали ги заменуваме, да, тековно ги...