Во новата боксерска сезона , 2026 , прилепската боксерска гордост Матеј Чатлески ќе учествува на Balkan Boxing , на 28 март овој месец со директен пренос на ArenaFight.
По тој повод вчера во Белград беше одржана заедничка прес-конференција на која се обратија директорот на Arena Channels Group, Небојша Жугиќ, претседателот на Боксерскиот сојуз на Србија, Ненад Боровчанин, како и боксерите кои ќе ги гледаме на претстојните мечеви во Бор – репрезентативецот на Србија, Јован Николиќ и еден од најдобрите млади боксери на Македонија, прилепчанецот Матеј Чатлески.
„Во Бор ќе го претставувам боксот на Македонија и ќе покажам дека и ние имаме храбри боксери со високо ниво на перформанси. Балканските боксери имаа квалитет за светски врв , сигурен сум дека ќе го докажеме тоа во наредниот период , особено ако се знае дека сега имаме можност преку мечеви да го докажеме тоа , вклучувајќи ги настапите на овој Balkan Boxing , во Бор“ – истакна Чатлески.









