Машка слика и градоначалничко “мачо натпреварување“ – само 3 жени од засега предложени 74 кандидат

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

(09.07 2025) Од 74 кандидат – меѓу нив САМО 3  жени – И, на овие локални избори граданачалничката позиција ќе биде САМО “мачо натпреварување“ 

До денеска, за престојните локални избори во октомври, објавни се имиња на 74 кандидати за градоначалници. Најмногу ги има од ВМРО ДПМНЕ 40 кандидати, 30 СДСМ , по еден кандидат, движењето ЗНАМ и Алијанса.

И, актуелните градоначалници се во трка по нови мандати. Од 40 досега предложени кандидати од ВМРО ДПМНЕ, дури 30 се актуелни градоначалници кои ќе влезат во изборната трка за нов мандат. Пред четири години СДСМ победи во 16 општини, а од нив досега во шест општини им е дадена поддршка на актуелните градоначалници.

Интересно е што ниту еден пратеник,  засега, не претендира да се пресели во локалната власт.

ТЕ БИДУВА ЛИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК АКО СИ ЖЕНА?!

А, она што остава исто впечаток  досега за престојните локални избори етоа  дека од досегашните објави за кандидати што влегуваат во изборните трки, има место само за „мачо натпреварувачи„. Од 74 предложени кандидати од партиите, засега, само три се жени. Од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ доаѓаат овие три, засега, единствени жен,и кандидатки за градоначлнички. Од владејачката, е Наталија Димитриева за Демир Капија, а другите две се од редовите на социјалдемократите – Мариче Кармази-чева за Босилево и Љупка Соколовска за Карбинци.

Иако, постојано се претендира родова рамноправност во политката, квота за родова застапеност,  (четири кандидати од еден пол и шест кандидати од друг пол) се потврдува посточекиот тренд на политичката македонска сцена, кога се во прашање лидерски функции, дека политката е исклучиво „машка професија“. Колку ваквата констатација да е неразумна, речиси важи за сите изборни циклуси во Македонија.

ЗОШТО (НЕ) МЕШАНА СЛИКА?!

Досега во „оправдувањата“ на партиите за малиот број кандидирани жени за градоначалнички, како примарна се сметаше нивната наводна незаинтересираност за учество во креирањето на јавните политики на локално ниво. На второ место беше рангирано непостоењето на политичка волја за вклучување на жените во политичкиот живот, на трето – непостоење на организирано женско делување за подобрување на состојбата на локално ниво, и како последно – стереотипите за местото и улогата на жената особено во руралните средини. Имено, сѐ уште преовладува мислењето дека местото на жената е во домаќинството и во посветеност на грижа за семејството, додека јавните работи во заедницата се одговорност на мажот.

На последните  локални изобри 2021 година од 301 кандидат за градоначалници, само 25 беакандидати за жени.

Инаку, Локалните избори 2025 година треба, формално да ги распише претседателот на Собранието, Африм Гаши. Најавите се дека тоа ќе се случи во првата работна недела од август, но датумот сè уште не е официјализиран. Ист е случајот и со датумот на изборите, иако премиерот Мицкоски, најави дека тоа би бил 19 октомври. Кампањата, пак, ќе започне 20 дена претходно.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: