“Машка игра“ на РК Прилеп во првото коло, но очекуван исход на пелагониското дерби

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

РК Прилеп во првото коло од Супер ракометната лига-мажи, на пелагониското дери со Еурофарм Пелистер 2, изгубија на домашен терен – 29-32 (15-16). Прилепските ракометари рамноправно и „машки се бореа“ до 20-та минута, кога пелистерци започнаа да водат со два/еден гол-разлика, не дозволувајќи им на домашните играчи да изедначат на полувреме. Па, на одмор се замина со гол-разлика, 15-16.

Но, ракометната драма, во салата на СОУ“ Р. Р Ричко“ продолжи во вториот дел кога со головите на Митревски и Белистојановски и при 18-20 прилепските ракометари постојано беа во  резултатски проблем. Мечот влезе во неизвесност, кога Прилеп успеа да израмни, 22-22, а потоа и двапати да поведе (23-22, и 24-23). Но, по неколкуте промашувања на крилата, и неколку не реализирани „зицери“ и шанси се оттргна надежта дека противникот може да се совлада и дека бодовите ќе останат во Прилеп. На пелагониското дерби, повторно победи помладиот состав на битолската екипа, Еурофарм Пелистер.

Најефикасен кај Прилеп беше, левото крило, Димитар Димитриоски, со десет постигнати гола, додека во тимот на Еурофарм Пелистер 2 се истакнаа Христијан Митревски со десет и Маркоски и Белистојановски со по пет погодоци. Важна алка во победата на Еурофарм Пелистер 2 беше голманот, Мартин Јовановски, кои со седумнаесет одбрани, особено во последните минути од натпреварот, создавајќи не можност прилепчани да направат пресврт на натпреварот.

Со ова битолчани најавија дека се подготвуваат да бидат дел од Топ-6, а Прилеп ќе мора да бара нова шанса против некој друг, доколку сака да игра плејоф, како што најави на стартот на првенството.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: