Македонското знаме формирано од 1200 ученици повторно величенствено се „појави„ на плоштадот во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

1.200 ученици од основните и средните училишта од Прилеп по 14 пати го формираа македонското знаме на плоштадот „Методија Андонов Ченто “ кое повторно наиде на воодушевување и на потврда дека националните симболи на нашата државност се почитуваат во градот под Марковите кули. Учениците напладне го формираа македонското знаме, продолжувајќи ја традицијата започната во 2010 година (прекин само за време на Ковидот).

Со оваа манифестација Прилеп го најави почетокот на чествувањата на 84-годишнината од македонското востанието.

Интересот за учество на учениците оваа манифстација велат организатори е огромна, но просторот не дозволува вклученост на поголем број учесници.

– Формирањето на знамето во пресрет на празникот е традиција од 2010 година. Секоја година учествуваат 1 200 ученици. Ова е своевиден спектакал во кој сакаат да учествуваат уште повеќе ученици. Ги опфаќаме учениците од осмо и деветто одделение од основните и од прва и од втора година од средните училишта. На сите им е чест да учествуваат во манифестацијата и затоа ќе се обидеме догодина да вклучиме повеќе ученици, објаснува Златко Думбалоски, професор по физичко и здравствено образование во ОУ „Добре Јованоски“ од Прилеп.

Со оваа манифестација почнуваат чествувањата за 11 Октомври и 84-годишнината од Народното востание на македонскиот народ 1941 година.

Градоначалникот на Прилеп во оваа прилика,им се заблагодари на учениците за оваа величенствена глетка и ги покани граѓаните на Македонија да присуствуваат на одбележувањето на 11 ти Октомври во Прилеп, градот каде започна борбаа за слобода на македонскиот наров

Во чест на празникот, од 18:30 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на дела на членовите на Друштвото на ликовните уметници на Прилеп, а од 19:30 часот на камената бина на плоштадот Александрија следи свечената програма со импровизиран напад на Участакот, огномет и концерт на  Влатко Лозановски .,рече тој

На прилепчани вечерва ќе им се обрати градоначалникот Борче Јовчески, а потоа следи  традиционалниот импровизиран напад со огномет, како потсетување на значајните историски настани на 11 Октомври 1941 година кога со нападот на тогашната полициска станица, Участакот, денес меморијалниот музеј „11 Октомври“, започна Народното востание кое резултираше со победата над фашизмот.

Меморијалниот музеј денеска и утре е отворен за слободен влез и посета на поставките.

Утре, на Празникот, од 9 часот ќе им биде оддадена почит на загинатите борци и дејци: пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија АНДОНОВ Ченто, пред споменикот на идеологот на Востанието, Кузман Јосифорски-Питу во центарот на градот, во Алејата на народните херои во Паркот на револиуцијата, Могилата на непобедените каде се моштите на 650 борци од Прилеп и Прилепско кои загинаа во НОБ и Револуцијата и пред споменикот Жена-борецкако

Во 12:30 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ утре ќе се одржи Свечена академија на која се очекува да говори премиерот Христијан Мицкоски.

Во чест на Празникот, утре во центарот на градот ќе се одржат и Саем на земјоделски производи и изложба на олд тамери – автомобили, а во просториите на „Црвениот крст“ и традиционална крводарителска акција.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепските бакали ќе го прослават својот патрон “Св. Три Светители“.

Утре,четврток, на денот посветен на Светите Три Ерарси, а воедно и патрон на еснафот на Прилепските бакали, во храмот Св.Благовештение – Прилеп, ќе се одржи Света Божествена Архиерејска литиргуја. Со  света архиерејска литургија ќе богослужи и ќе чиноначалствува високопреосвештен Митрополит Петар, во сослужение на преосвештените Епископи Климент и Никола со...

Земјотрес во Северозападна Македонија

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала вечерва во 10:05 часот се почуствувал во Северозападна Македонија. Епицентарот, според информациите, бил на 15-тина километри северно од Тетово, во општината Теарце. Жителите на градот и околината пишуваат на социјалните мрежи  дека таму земјотресот се почувствувал како многу силно тресење, што...

Општина Прилеп се огласи за ПОБЕДА: Нема да дозволиме буџетските средства од граѓаните да завршат за покривање на ненаменски долгови

По денешното соопштение од ФК Победа дека поради катастрофалната финансиска состојба клубот се повлекува од натпревари во Втората македонска лига и повеќегодишната инволвираност на Општина Прилеп во финанската помош и барање спас за клубот, како и најавата за исплата на 1 000 000 денари еднократна парична помош која не се...