Македонија во вистинско светло на мундијалот? (ФОТО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Македонската ракометна репрезентација денеска против Зеленортските острови ќе го игра последниот контролен натпревар во пресрет на СП 2025,Смената на генерации е речиси завршена, а фактот дека Македонија  редовно беше учесник на големите натпреварувања е успех сам по себе за нашиот национален тим. Како и секогаш престојот на овој мундиал е едно а  очекувањата се да се направи и чекор напред и да се обезбеди најмалку една победа во првата фаза во Вараждин, со што ќе се обезбеди пласман во главната рунда од Мундијалот.

Светското првенство е посебен настан за сите спортисти и ние ќе дадеме се од себе за да ја видите македонската репрезентација во победнички ритам и вистинско светло. Овој мундиал е секако континуитет на присуство  за нас како репрезентација на големите турнири што го обезбеди и мојата генерација. Серафимов вели дека ќе одат на победа на секој натпревар и со високо нивот и максимална фокусираност многу лесно  може да обезбедат позитивен резултат. На хартија најлесно би требало да биде против Гвинеја, селекција која нема искуство на настапи на големи натпреварувања и е најголема непознаница за нас, но нашиот пристап е сериозен и очекувам победа и пласман во втора рунда“, вели Мартин Серафимов, кој веќе неколку години наназад добива шанса и прикажува квалитетни игри во дресот на националниот тим.

Според десниот бек, искуството од ланските силни натпревари на ЕП во Германија, надополнето со поддршката од публиката може да придонесе ракометарите да стигнат до добар резултат на ова СП.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Приказна за човекот и мечката – „Кој кому му е закна ?!„

Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но,...

Изложба за 55 годишното ликовно творештво на Боро Арсовски – Бабата

На 14 ноември 2025г/петок/од 19.00 ч. во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена ретроспективна изложба на слики “ 55 години ликовно творештво на Боро Арсовски – Бабата“. Инаку, Боро Арсовски – Бабата е роден 1952 година во с. Страцин, Република Македонија. Основно и средно образование завршил во...

Формирани Комисии за работа на Советот на Општина Прилеп

На 02-та седница на Советот на Општина Прилеп во новиот состав,  советниците со мнозинство на гласови како прва точка на дневниот ред советниците го усвоија предлог-решението за верификација на мандат на Катерина Пузеска за член на Советот на Општина Прилеп.На дневен ред потоа беа усвоени прделозите за формирање на комисии кои...