Мajко стигнав…Уште малку сила ми остана, ама срцето е полно! -Прилепчанецот Пандовски истрча до Острог за болните од рак!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

 

Антонио Пандовски е млад повек по потекло од Прилеп, кој 18 дена трчаше за да стигне до манастирот Острог, во Црна Гора.

Тој во јануари годинава во интервју за Радио Пела  детално ги образложи причините за овој подвиг барајќи поддршка за донации кои ќе бидат наменети за децата болни од рак. Тој трчаше во чест на својата мајка која пред извесно време починала од рак.

Мојот мотив е да им помогнам на децата што боледуваат од рак. Сакам да соберам што е можно повеќе средства и да им помогнам во нивното лекување. Втор мотив е да им оддадам почит на моите родители. Мојот татко се викаше Васил, а манастирот го носи името „Св. Василије Острошки“. Мајка ми пак, имаше голема желба да го посети овој манастир, но за жал не успеа. Откако веќе таа не е меѓу нас, кај мене се створи желба да отидам до Острог, но на ваков начин, со хумана цел.

Фондацијата „Ице Бегов“  ја поддржа идејата на Антонио Пандовски и со претходни подготовки од поддршувачите, донаторите и спонзорите, Антони Пандовски успеа да ја реализира својата благородна мисија.

Денес, тој ја обелодени веста дека по истрчани 600 километри за време од 18 дена, конечно стигна пред манастирот Острог.

Во целост ви ја пренесуваме неговата објава на Фејсбук.

Ден 18 ПОБЕДА ОСТРОГ!  Мајко… Стигнав. Уште малку сила ми остана, ама срцето е полно. Твојот сон сега е мое дело. Секоја солза, секоја болка, секој камен под моите нозе вредеше. Го положив мојот подвиг пред Острог. И ти го посветив тебе. И на сите мали срца што се борат за живот. Нека знаат љубовта не запира. И јас нема да застанам.

Тимот на Радио Пела се гордее со подвигот на нашиот сограѓанин Антонио Пандовски.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: