Маестралниот Сергеј Крилов на концерт „Езотерија“ со Македонската филхармонија

Оригинален линк на написот: Text.mk

Македонската филхармонија го најавува концертот „Езотерија“, кој ќе се одржи овој четврток (11.04.2024) со почеток во 20 часот, а на кој како виолинист, но и како диригент, настапува прочуениот Сергеј Крилов!

Заедно со Крилов (1970), кој се смета за еден од најталентираните виолинисти на својата генерација и веќе одамна етаблиран и како диригент, оркестарот на Македонската филхармонија ќе ги изведе: Симфонија бр.1, оп. 25 -„Класична“, најпопуларната симфонија од Сергеј Прокофјев, потоа Концертот за виолина и оркестар бр. 1, оп.26 во g-moll, најизведуваното и најпознатото дело од Макс Брух, како и романтичарската Четврта симфонија на музичкиот „Прометеј“ – Лудвиг ван Бетовен.

Концертот „Езотерија“ ќе донесе комплексна програма и уникатен начин на работа, со маестрален уметник како што е Крилов, а каков што ретко слушаме на нашата музичка сцена.

Сергеј Крилов (1970, Москва) се смета за еден од најталентираните виолинисти на својата генерација. Тој е веќе етаблиран и како диригент, а особено значајно во неговата кариера е неговата функција како директор на Литванскиот камерен оркестар со кој редовно ја презема двојната улога на солист и диригент. Настапувал на сите значајни концертни подиуми, меѓу кои и со Берлинската и Минхенската филхармонија, виенскиот „Музиквереин“, Театарот на Елисејските Полиња во Париз, Академијата „Санта Чечилија“ во Рим, „Ла Скала“ во Милано, ширум Русија, во Европа, Кина… Како што и самиот често истакнува, од уметниците со коишто соработувал огромно влијание врз неговиот уметнички живот извршил славниот виолончелист Мстислав Ростропович. Тој, пак, ќе изјави: „Сергеј Крилов е еден од петте најдобри современи виолинисти“. Роден во семејство на музичари, Сергеј Крилов виолина почнал да изучува на свои пет години, а по само една година, го одржал и својот прв концерт. На десетгодишна возраст веќе станал студент во класите на врвните виолинисти Сергеј Кравченко и Абрам Штерн на Конзерваториумот „Чајковски“ во Москва, и веднаш ги реализирал своите оркестарски дебија низ Русија, Кина, Полска, Финска и Германија. На 16 години го снимил Моцартовиот „Концерт К 219“, како и бројни дела за Руската радио-телевизија. Носител е на бројни први награди на меѓународни натпревари, како „Антонио Страдивари“ во Кремона, „Родолфо Липицер“ во Италија или „Фриц Крајслер“ во Виена. За него, мошне значајни ќе бидат часовите што ќе ги помине со славниот италијански виолинист Салваторе Акардо. Сергеј Крилов настапува како солист и со Виенскиот симфониски оркестар, Англискиот камерен оркестар, Камерата Салцбург, Филхармонијата на Санкт Петербург, Камерниот оркестар „Московски солисти“, Симфонискиот оркестар на Токио итн. Соработува со диригенти како Валери Гергиев, Владимир Ашкенази, Дмитри Лис, Владимир Јуровски, Михаил Плетнев, Андреј Борејко, Јури Башмет… Од 2012 година, Крилов е професор на Универзитетот за музика и уметност во Лугано, Швајцарија. Уметници како Итамар Голан, Александар Књазев, Николај Лугански, Елина Гаранча, Миша Мајски…, биле негови партнери во сферата на камерното музицирање. Позната е неговата соработка со поп-уметникот Стинг, со кого учествуваа на уникатниот театарски перформанс „Twin Spiritis“, посветен на животот на Роберт Шуман и неговата љубов со Клара. Од 2008, Крилов ја комбинира својата кариера со диригирањето, и како диригент соработувал со многу ансамбли, како Англискиот камерен ансамбл, Регионалниот симфониски оркестар на Тоскана, Оркестарот на академијата „Моцарт“ итн.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Апсењето на Имамоглу: Почеток на крајот за турската демократија?

Апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, на 19 март 2025 година, предизвика значајни политички и општествени реакции во Турција и пошироко. Имамоглу, водечки опозициски лидер и потенцијален претседателски кандидат, беше уапсен под обвиненија за корупција и поврзаност со терористички организации. ​ Неговото апсење дојде само неколку дена пред очекуваната номинација за претседателски кандидат од The post Апсењето на Имамоглу: Почеток на крајот за турската демократија? first appeared on Text.mk.

Азбестот – тивка закана по здравјето

Пожарот што неодамна го зафати Кочани покрена сериозни прашања за присуството на азбестен прав во воздухот и неговото влијание врз здравјето на граѓаните. Во многу стари објекти, особено оние изградени пред неколку децении, азбестот е дел од градежните материјали. Кога тие ќе изгорат или ќе се урнат, ситни честички од овој опасен материјал се ослободуваат The post Азбестот – тивка закана по здравјето first appeared on Text.mk.

Центар за изгореници наместо луксузни автомобили: лекција од трагедијата во Кочани

Трагедиите како пожарот во Кочани, кои завршуваат со тешки изгореници и загубени животи, ја покажуваат суровата реалност во Македонија: во нашата држава нема специјализиран центар за третман на изгореници. Жртвите на пожари и тешки повреди со изгореници се принудени да бараат лекување во странство, што значи изгубено драгоцено време, огромни финансиски трошоци и неизвесност за The post Центар за изгореници наместо луксузни автомобили: лекција од трагедијата во Кочани first appeared on Text.mk.