Маестрален концерт на прилепскиот хор „Керамија“ (ВИДЕО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Вечерва, фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, беше претесно за огромниот број посетители на концертот на единствениот женски камерен хор во Прилеп, „Керамија“.

Со изведба на духовна музика, народна музика и поп музика, овој хор го одбележа своето едногодишно постоење. Голем дел од изведбите наидоа на громогласни аплаузи.

 

Со маестрална изведба се претставија и гостинките од поп-рок хорот БитВокс од Битола, со изведба на поп и рок композиции. Нешто што беше неочекувано за концерт на хор,  а наиде на внимание беше поетскиот настап на поетите Филип Димкоски и Лина Димоска, кои се претставија со нивни автроски стихови.

На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Прилеп, д-р Борче Јовчески и градоналачникот на Општина Битола, д-р Тони Коњановски. Јовчески се обрати пред публиката, да го поздрави хорот домаќин и гостите.

Не можевте да ни приредите поубава вечер од оваа. На мојата сопруга денес и е роденден, па верувам дека ваков роденден не доживеала досега. Ви благодарам за тоа-рече Јовчески, кој е често присутен на културните настани во Прилеп. 

Концертот е дел од годишната програма на Центарот за култура, поддржана од Министерството за култура и туризам, а е во рамки на одбележувањето на 45 години постоење на НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп.

 

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Вечерва Прилеп почнува да живее со театарската маѓија – започна 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Под мотото “Храбриот нов театар“  и тематика “ Кризата на човекот во опшеството и кризата на опшеството во чеовекот“ , вечерва,  со претставата “Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски на Драмски театар од Скопје, започна  60 јубилјено издание на македонскиот театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот започна...

(ФОТО-ВИДЕО)🌄Природата – инспирација за модна креација🥻Trash Fashion модна ревија во СОУ Ѓорче Петров

На светскиот ден на животната средина, денеска во дворот од СОУ ” Ѓорче Петров” се одржа модната ревија Trash Fashion на тема “Природата – инспирација за модна креација”.  Со овој настан учениците покажаа дека материјалите и облеката кои често ги сметаме за отпад можат да добијат нов живот. Учествуваа 20...

Ристески: Исплатата на субвенциите за тутун до средината на јуни, нема поврат на субвенциите за 2024 та

На тутунарите до средината на јуни ќе им бидат исплатени субвенциите за предадено производство за реколта 2026/27, а производителите кај кои биле констатирани неправилности за 2024 та во пријавувањето на површините за засаден тутун исто така ќе добијат субвенции, најави Киро Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија. „Тутунопроизводителите кои...