“После 4-годишното владеење на ДПМНЕ, нам и на сите граѓани во „наследство“ ни останува опустошен и обезличен град, запуштени и испустени села, осиромашени граѓани. А поскапеа се’ што можеа да поскапат – водата, данокот на имот, комуналиите, градскиот превоз, паркингот. Но, повисоките цени на услугите не ја подобрија финансиската состојба на јавните претпријатија. Напротив – сите до едно станаа загубари со вкупен долг од над 2 милиони евра. Сето ова се случи со знаење и аминување на тогашниот претседател на Совет на општина Прилеп, Дејан Проданоски. Партиските директори од тефтерчето на Проданоски се тие кои ги доведоа пред банкрот јавните комунални претпријатија и удрија по џебот на граѓаните. Тандемот Јовчески-Проданоски има директна одговорност за уништениот спорт, за бришењето на „Победа“ од фудбалската мапа, за „евакуацијата“ на младите од родниот град, за узурпираните јавни површини, за темните, раскопани, нечисти и празни улици од кои демнат глутници кучиња скитници Конечно, и двајцата имаат вина за она според кое Прилеп е лидер во државата – бројот на запалени возила, фрлените бомби во угостителски објекти и семејни куќи, насилството на улиците. Зад ДПМНЕ, Јовчески и Дејан Проданоски, почитувани сограѓани, остана пустош и огромно разочарување! На 19 октомври да излеземе на гласачките места и гласајќи за бројот 5 да се избориме за победа, за враќање на Прилеп на патот на просперитетот и развојот.’ повика таа од говорницата.









