Лукароска: „Црвен картон“ за Владата – прилепчани одбија да присуствуваат на срамната партиска претстава

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Повод за денешната прес конференција на ОО на СДСМ, на која се обрати Петра Лукароска, претседателка на општинската организација е синоќешната трибина на ВМРО ДПМНЕ во Прилеп. Ја објавуваме во целост:

Во режија на ВМРО-ДПМНЕ, во градот на театарот, Прилеп, синоќа се одигра срамна партиска претстава каква не паметат ниту најдоследните хроничари на политичките збиднувања во градот. Трагикомедија без преседан – Христијан Мицкоски, премиерот чија Влада за само една година ги задолжи граѓаните на Mакедонија за фрапантни 7 милијарди евра, синоќа зборуваше за економски раст!Истиот тој Ми цкоски бесрамно лажеше за виртуелниот раст на платите на работниците, додека во исто време генералниот Директорат на Европската Комисија, Евростат, укажува на драматичен пад на животниот стандард и на висината на работничките плати. Не во некоја друга земја, туку овде кај нас, во Македонија. Мицкоски не собра храброст да проговори за корупцијата во владините институции како главна причина за кочанската трагедија, за енормното финансиско задолжување на неродените генерации Македонци, за “дивеењето“ во дивото градење и мафијашките пресметки во главниот град.  Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ молчеше и за пустошењето на Прилеп од страна на неговите сопартијци. За лажните изборни ветувања. За дивоградбата во центарот на градот наречена „зграда на Општина Прилеп“. За криминалот во општинските јавни претпријатија. За сушењето на тутунот на нивите во плодното Прилепско поле.  Господа од ДПМНЕ, ниту вашиот традиционален „партиски туризам“ практикуван со ангажирање автобуси од другите градови, не ја замаскира тажната слика од полупразниот плоштад. Неприсуството на прилепчани на вашиот бесмислен настан, како и лавината негативни реакции и коментари на вашите партиски портали, го потврдуваат она коешто граѓаните се’ почесто и се’ погласно го кажуваат: дека и општината, и државата ја води најнеспособната и најкорумпирана власт која Прилеп и Македонија досега ја виделе, рече Лукароска

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Незнаење или пракса – На Мечкин Камен отежнат пристап за медиумите да известуваат

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници изразува револт од третманот на новинарите и медиумите на Мечкин Камен во Крушево при прославата на Илинден. Имено на колегите кои требаше да известуваат и да ја пренесат атмосферата од празнувањето им беше отежнат пристапот до местото на настанот, а не им беше обезбедено место за работа со образложение...

Прилеп во чест на ИЛИНДЕН – слободата не се добива, таа се освојува!!!

Со поклон во чест на Илинден и почит кон хероите, делегација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Борче Јовчески, пратеникот Дејан Проданоски, претставници на институции, од Сојузот на борци, од политички партии, на здруженија, граѓани денеска положија свежо цвеќе пред гробот на Ченто, Ѓорче Петров, Кузман Јосифоски Питу, Пере Тошев,...

(ВИДЕО)Ѓорѓиоска: за позитивни промени во заедницата најчесто е потребна само поголема политичка волја

Kнигата „Од дијалог до политика: дизајн на градови што слушаат и одговараат“  од авторката Климентина Ѓорѓиоска, прилепчанка, политиколог, граѓанска активистка, неодамна беше промовирана во Градската библиотека Борка Талески Прилеп. Преку истражувања спроведени во Њу Орлеанс, САД, авторката Ѓорѓиоска понуди модели за одговорно локално владеење во Македонија, односно како што таа...