Лука Змејковски пред Европскиот куп во Бугарија: Целта ми е годинава да го освојам златниот медал на Европското првенство

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Македонските кикбоксери од 20 до 23 февруари ќе настапат на Бугарија Европски куп, а еден од нив е светскиот вицешампион Лука Змејковски од КБК „Лидер“ од Виница. Фактички, ова ќе биде првиот негов настап на меѓународната сцена, а како вовед на Државното првенство ја осовои титулата.

Ова е прв меѓународен настап, а Лука е подготвен да го нападне првото место.

Како и секогаш, моите очекувања се на Европскиот куп да го освојам златниот медал, вели Змејковски.

Тој има добар вовед во новата натпреварувачка сезона со овсојувањето титулата на Државното првенство што минатиот викенд се одржа во Скопје, а во меѓувреме ВАКО ја објави новата ранг-листа на која Земјковски е на првото место.

Ова замене е голема мотовација и предизвик понатму да продолжам со добрите резултати и да ја зачувам број 1 позицијата на ранг-листата на ВАКО, истакнува Лука.

Минатата година освои сребрен медал на СП за кадети и јуниори во Будимпешта, при што за 15 секунди му избега златото, но мотивацијата не го напушта за оваа година.

Оваа година предизвик ми е да го освојам Европското првенство, односно со златниот медал се да си дојде на свое место“, посочи Лука.

Секако, за успехот на Земјковски големи заслуги има неговиот тренер Дарко Гоцевски и од големо значење е на што работат сега.

Со тренерот Дарко Гоцевски се трудиме да ги поправиме оние мали грешки од минатата година“, нагласува светскиот вицешампион.

Ipon.mk

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Од денес со ознака за квалитет на eTwinning училиште

Денес на ОУ ,,Св. Кирил и Методиј” од Кочани му беше доделена Ознаката за квалитет за eTwinning училиште, пишува КиМ Ко Инфо. „Ова признание ја потврдува нашата посветеност на современи, иновативни и колаборативни наставни практики, кои ги поврзуваат учениците и наставниците со европски партнери. eTwinning придонесува за развој на дигитални вештини, креативност, размена на идеи

АПЕЛ: Да го довршиме храмот „Св. Петка“ – во Кочански Дол

Пред околу три децении започна изградбата на храмот посветен на Света Петка, лоциран во селото Кочански дол, а  во негова близина има извор со света вода, за кој многумина веруваат дека е благословен токму од светицата. Иако темелите се осветени, низ годините изградбата се одвиваше бавно поради недостиг на финансии. Денес, благодарение на иницијативата на

Левица со Жаклина Филипова-Свеќаровска во трката за градоначалник на Кочани

Политичката партија Левица ја објави кандидатурата на Жаклина Филипова-Свеќаровска за градоначалничка на Општина Кочани на локалните избори закажани за 19 октомври. Таа е актуелен член на Советот на општината и делува како советничка од редовите на Левица. Со оваа кандидатура, бројот на пријавени кандидати за функцијата градоначалник на Кочани досега достигна пет. Освен кандидатката на