„Љубење со стихови“ – потсетник зошто вреди да се сака и зошто поезијата не е луксуз

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Елизабета Филипоска /новинар/

 Во свет полн со брзина и бучава, вечерта на „Љубење со стихови“  беше како здив на тишина, како допир на душа со збор. Во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, поетите Филип Димкоски и Лина Димоска го претворија просторот во храм на емоции, каде стиховите не се само зборови — тие беа љубов, болка, надеж и спомени.

Публиката не беше само набљудувач, туку учесник во интимниот дијалог меѓу поетите и тишината. Стиховите на Блаже Конески, Гане Тодоровски, Анте Поповски, на Филип Димкоски и Лина Димоска звучеа како ехо од минатото,  но со пулс на сегашноста. Придружени од пијаното на Методија Конески, зборовите добија музика, а музиката — значење.

Јас од поезијата не се разбирам , но на поетското читање „Љубење со стихови“, почувствува двата поларитети на изазување љубов — онаа универзална, човечка и онаа интимна, женска. Двајца поети, различни по душа, но блиски во стремежот да допрат до срцето. Филип Димкоски, со својата поезија, ја слави природата, човекот и љубовта како универзален јазик. Неговите стихови се како реки што течат низ човештвото, нежни, но длабоки. Тој пишува и бира поестски теми за љубовта кон светот, за добрината како највисока форма на постоење, за природата како огледало на човечката душа.А, Лина Димоска, таа, онај женски дел од Здружението ЗОКУМ , пак, ја пренес поезијата во интимниот простор на женското срце. Нејзините стихови зборуваа за љубовта на жената — не само како романтична потреба, туку како сила, како отпор, како глас, за важноста од родовата еднаквост, за болката и убавината на женското искуство, со чувствителност што не бара дозвола, туку присуство.

И, во нивниот поетски дијалог, се споија две перспективи: мажот што љуби свет и жената што го преиспитува. Затоа, тоа не беше само читање стихови, туку симфонија на различности, каде секој збор беше мост, а секоја емоција допир. „Љубење со стихови“ покажа дека поезијата не мора да биде униформна. Таа може да биде и нежна и бунтовна, и универзална и лична. А, кога се сретнат две души што пишуваат од различни светови, се раѓа нешто што не се чита – туку се чувствува.

Особено впечатлив беше моментот кога се рецитираа песни на српски и руски јазик, а препевите на Димкоски ги споија културите во еден универзален јазик – јазикот на поезијата. Тоа беше потсетник дека љубовта и уметноста не познаваат граници.

Ми попречи само тоа што, топлината на љубовта не „влегуваше“ во ладните мермерни плочки, без оглед што атмосферате беше прикажана како „топла-домашна“, што само говри дека „Љубење со стихови“  просторно треба да го најде љубењето во  “таверна – боемска и топла“.

Организаторите рекоа: „Сите луѓе се поети во срцето. А, ние ќе се потрудиме во сечие срце да ја разбудиме поезијата.“ И, навистина, вечерта, срцата беа будни. А, „Љубење со стихови“ стана потсетник дека поезијата не е луксуз, туку потреба. Таа ни помага да се сетиме кои сме, што чувствуваме, и зошто вреди да се сака.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

НТ “Војдан Чернодрински“ слави 76 години постоење со богата театарска програма

Прилепскиот, народен театар „Војдан Чернодрински“,  Прилеп одбелжува 76 години од своето основање и за својот роденден му понуди на љубителите на театарот богата четиридневна театрска програма, која започнува од 16 до 19 февруари . ќе ја одбележи 76-годишнината од своето.  Театарска престави ќе се играа во ЦК Марко Цепенков,  на...

РОМАН слави успешни 3 години редовна автобуска линија за удобен превоз за секој патник.

Прилеп – Велес – Скопје и Скопје – Велес – Прилеп, РОМАН слави три години редовна автобуска линија на овие релации. Редовно сообраќаат од понеделник до недела, а линијата од 6, 30 и 9,30 часот оди и до државна болница – Скопје, што им овозможува на патниците-пациенти безбедно, точно, навремено и без барање на друг превоз, да...

Испиша историја! Злато за прилепчанецот Белостојаноски на ЕП во карате

Матеј Белистојаноски е европски првак во карате. Прилепскиот каратист, Матеј Белистојаноски ја освои титулата европски шампион на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 што се одржува во Лимасол, Кипар. Во финалето Белистојаноски беше подобар од грчкиот натпреварувач Георгиос Балиотис, кого го совлада со резултат 2-0. Со сигурен и убедлив...