Локалната самоуправа на Кочани објави конкурс за доделување на две спортски стипендии

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Локалната самоуправа на Кочани објави јавен конкурс за доделување на две спортски стипендии, што се наменети за една спортска екипа и еден спортист,  кои мината година имале големи успеси и достигнувања во областа на спортот.

Износот е 3.000 денари месечно, а стипендијата ќе се доделува за период од 10 месеци.

Исплатата ќе почне од март, а ќе заврши во декември.

Средствата се обезбедени од Буџетот на Општината за 2026 година.

Право да учествуваат имаат кандидати кои се жители на Кочани, да се на возраст од 17 до 20 години, исто така потребно е да бидат и членови на спортски клуб, друштво, асоцијација или пак на национални спортски федераци.

Лицата кои ќе се пријавата треба да имаат учествувано и на национални или меѓународни систем натпревари како што се aтлетика, борење, кошарка, кикбокс, шах и во други спортови наведени во конкурсот.

За аплицирање по објавениот повик потребно е кандидатот да поденсе пријава со назнака пријава по конкурст, кратка биографија, фотокопии од лична карат, како и од  решението за упис во Агенцијата за млади и спорт, а исто така треба   да се достави и Уверение од Национална спорска федерација за постиганати спортски резултати, а треба да се прикаже и копија од транскакциска сметка.

Кандидатот треба да приложи и доказ за учество во меѓународни или национални натпревари, како и сертификат или диплома за освоено 1, 2 или 3 место.

Пријавите се поднесуваат најдоцна до 10 април  до Едношалтерската канцеларија на општината, по пошта на адреса Општина Кочани ул. Раде Кратовче бр 1, или пак електронски преку апликацијата м заедница.

Подетални информации во врска со конкурсот може да се пронајдат на официјалната веб страница на Општина Кочани.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Линеарно зголемување на платите за вработените во МВР

Согласно објавениот нов податок за минимална плата, Министерството за внатрешни работи изврши линеарно покачување на платата за вработените во МВР во бруто износ од 2470 денари и тоа почнувајќи со исплата на плата за месец март 2026.   Во наредниот период, со имплементација на новиот Закон за внатрешни работи ќе биде разгледана можноста за дополнително

Направи го Велигден посебен со Супер Кит Го и Кит Го

Овој Велигден – направи го славењето уште поубаво со Супер Кит Го и Кит Го! Сè што ти треба на едно место – вкусни производи, свежи намирници и празнични понуди што ќе ја разубават твојата трпеза! Посети ги Супер Кит Го и Кит Го и подготви се за Велигден полн со радост, традиција и одличен

На 2 и 3 април кочанската библиотека„Искра“ ќе го одбележи Меѓународниот ден на книжевноста за деца

Под мотото „Другарувањето со книгите ни е песна – Фестивал на децата, книгите и музиката“, ЈОУ Библиотека „Искра“ од Кочани на 2 и 3 април ќе биде домаќин на серија настани посветени на Меѓународниот ден на книжевноста за деца. Програмата вклучува разновидни содржини што ги обединуваат литературата, уметноста и едукацијата. Фестивалот ќе биде свечено отворен