Лишен од слобода виничанец во Велес

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На 10.01.2026 во 16:50 часот, полициски службеници од СВР Велес на регионалниот пат Штип-Велес, кај крстосница Мамутчево го лишиле од слобода А.А.(30) од Виница.

При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „поло“ со винички регистарски ознаки со брзина од 121 километар на час, на место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 50 километри на час.

 

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

 

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да управуваат со возилата одговорно и совесно, без дејство на алкохол и со прилагодена брзина согласно условите на патот.

Со непочитувањето на сообраќајните правила директно се загрозува сопствениот живот, безбедноста на патниците и животите на останатите учесници во сообраќајот.

Со одговорно однесување и почитување на прописите, заеднички придонесуваме за зголемена безбедност и намалување на сообраќајните незгоди.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Почина Горан Крстев – Грга, поранешен градоначалник на Општина Чешиново-Облешево

Почина поранешниот градоначалник на Општина Чешиново‑Облешево, Горанчо Крстев – Грга. Крстев беше на чело на општината во периодот од 2017 до 2021 година, оставајќи белег во локалната самоуправа и политичкиот живот во регионот. Во јавноста беше препознатлив по својата директност и ангажираност во општинските прашања. Според информациите, тој починал во Турција, каде што престојувал во

Ловното здружение ,, Осогово” повторно стана корисник на ловиштата Бање и Подлог

Ловното здружение „Осогово Кочани“ повторно стана корисник на ловиштата бр.5 „Бање“ и бр.6 „Подлог“ за следните 20 години. Членовите на здружението изразија благодарност до сите досегашни и идни членови и соработници кои придонесоа за остварување на целите и обврските на здружението. „Се надеваме дека соработката ќе продолжи и традицијата на ловење, која постои од 1924

Одлична премиера на карате турнирот „63 ангели“ – Кочани и Сансаи најуспешни клубови во борби и кати

Најуспепешен клуб на Меѓународниот карате турнир „63 ангели“ во Кочани е КК Кочани, воедно и најмасовен, додедка Алексeј Ристов и Илина Костадинова од истиот клуб се најдобрите натпреварувачи во борби во машка и женска конкуренција. Сансаи Метал Апостолов е најдобар клуб во кати и во машка и во женска конкуренција. Беа прикажани добри борби, особено