Крадел дрва и бил приведен од полицијата. Настанот се случил вчера, на 24.11.2025, кога во 15:30 часот во с. Кривогаштани полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани го лишиле од слобода З.Н. од с. Локвени, општина Долнени.
При преглед на патничко возило „фиат” со крушевски регистарски ознаки кај него биле пронајдени огревни дрва без жиг. Дрвата се предадени на шумска полиција и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.









