Лекарите препорачуваат да не се излегува на сонце од 11 до 17 часот

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Избегнување престој на сонце од 11 до 17 часот, носење лесна, широка облека во светли бои, капа со широк обод и очила за сонце, како и престојување во климатизирани простории кога е можно, се само некои од препораките на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) по најавите за порастот на температурите во земјава.

репораките се однесуваат на сите граѓани, особено на најранливите категории – постари лица над 60 години, деца, бремени жени, хронично болни, лица со прекумерна тежина, оние со ментални нарушувања и граѓани кои се подложени на специфични терапии.

ИЈЗ предупредува дека ризикот од здравствени компликации е најголем кај оние кои работат или престојуваат на отворено во текот на најжешките делови од денот.

„Ако морате да бидете надвор, одморајте често во сенка и избегнувајте директна изложеност на сонце, пијте доволно течности – вода, пред сè – и не чекајте да се појави жед, никогаш не оставајте луѓе или животни во паркирани возила, дури ни за кратко, туширајте се со млака вода или ставете ладни облоги на телото, лицата со хронични болести строго да ги следат препораките и редовно да ја земаат терапијата, по консултација со матичен лекар, препорачува Институтот.

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Како што соопшти УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната од 30 до 38 степени.

Во Koчани сончево и многу топло, а максималната може да достигне и до 38 степени.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Пет ученички-членови на медиумскиот клуб во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ Оризари најмали,а воедно најактивни и креативни учесници на обуката „Млади креатори на содржина“ одржана...

Пет ученички од 9 то одд. членови на медиумскиот клуб во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ Оризари беа дел од проектот „Млади креатори на содржина“ во организација на томот на „Види Вака“ и „Гоце.мк“. Станува збор за ученичките Бисера Стоилова, Марија Ананијева, Ана Каранфилова, Магдалена Николова и Теодора Трајчева и нивниот ментор наставничката Тања Велкова. Проектот

Наков: Нема граѓанин на Кочани кој така не ја доживеа трагедијата лично. Сите ние сме поврзани. Но, тоа е животот мора да продолжиме напред…

Една година по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, болката и сеќавањата сѐ уште се силни кај граѓаните. Тешкиот настан не ја одмина ниту кочанската компанија „Амфенол“, каде што вработените и раководството се соочија со сериозни предизвици во тој период. Генералниот менаџер Сашко Наков вели дека првичната цел била да се амортизира ударот и истовремено

Игор Јованов избран за претседател на Адвокатската заедница Кочани

Во ресторан „Амор“ во Кочани вчера се одржа собир на адвокатите од Адвокатската заедница Кочани, во присуство на претставници од Адвокатската комора на Република Македонија. Средбата започна во 14:30 часот и се одвиваше според утврден дневен ред, кој опфати избор на претседател на заедницата, како и избор на претставници – делегати во Собранието на Адвокатската