Лани прилепскиот центар за култура реализирал над 230 културни настани

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Минатата 2024 година, беше плодна по однос на широката културно-уметничка дејност на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.
Во годината кога одбележа 45 години постоење, Центарот реализирал 37 изложби од кои 11 со поддршка на Министерството за култура и туризам, 80 концерти, 25 претстави во големата сала и 40 други настани, како и 20  филмски проекции во кино Мис Стон.
Театарот „Војдан Чернодрински“ премиерно прикажа 3 претстави, а за публиката над 50 изведби на претстави од редовниот реперотар.
Деновиве во ликовната галерија можете да ја посетите изложбата на дела од врвниот акварелист Илија Миноски, а во ликовниот салон претставена е изложбата  „Бисерите на Малиот Битолски Монмартр“
Ф.Д.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Откупот завршува, се „кројат“ условите за новата реколта (ВИДЕО)

Се заокружува преземањето на тутунската реколта 2024/25 година. Откупните пунктови ќе затворат многу порано од законски утврдениот рок (28 февруари). Од Сојузот на тутунски здруженија велат дека на терен остана уште не повеќе од 1 милион килограми ориентален тутун кој што деновиве ќе биде дооткупен. Претставниците од Сојузот на тутунски...

Културата е секогаш на крај, a некогаш не е ни таму!

Истражување на Радио Пела: Кaко е третирана културата во македонските медиуми?   По осумдесет години постоење, македонското радио се’ уште ги одржува емисиите „Мозаик“ и „Културна клучалка“ благодарение на малкумина големи професионалци, фанатици и ентузијасти. Но, Македонскатa телевизија, не може да се пофали со тоа. Токму во годината кога го...

Димоска: Среќна сум што номинацијата 13 Величествени доаѓа од мојот Прилеп (ФОТО+ВИДЕО)

Од денес во рамки на програмата во живо Радио што се гледа, ќе емитуваме кратки разговори во живо со личностите и претставниците на компаниите кои се номинирани во нашата анкета 13 Величествени. „Мразот го скрши“ прилепската млада авторка Лина Димоска, со која денес разговаравме за нејзиното творештво, за трите објавени...