ЛАГ „Брегалница“ со панел-дискусија и концерт во чест на жртвите од трагедијата во „Пулс“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

 

Здружението за рурален развој Локална Акциона Група „Брегалница“, се приклучува кон летната програма за млади „Лето во друштво“, во организација на Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“, со поддршка од Општина Кочани, Локалниот младински совет и „Сапорт Кочани“.

Како дел од активностите, ЛАГ „Брегалница“ – Зрновци, со поддршка на Програмата за инвестирање во животната средина за 2025 година, ќе реализира едночасовна панел-дискусија на тема: „Приоритети за подобар квалитет на живот во Кочани“.

Настанот ќе се одржи утре, сабота, 16 август 2025 година, со почеток во 20:00 часот, на Споменикот на слободата во Кочани. Симболично, настанот е посветен на одбележување на пет месеци од трагичниот настан што ја потресе целокупната јавност.

Вечерта ќе биде заокружена со музички настап на алтернативниот бенд „Без Памет“, составен од Биле Митевска (гитара), Ања Цесар (вокал), Драган Петров (бас) и Славе Јорданов (тапани).

Придружете ни се во спомен на оние кои никогаш не ги напуштаат нашите мисли и срца. Да ги споделиме љубовта, тагата, надежта и визијата за заедничка иднина.“

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Јуроп хаус со културна програма ја продолжува соработката со ЦК „Бели мугри“

По успешната септемвриска програма исполнета со активности за млади, Јуроп хаус ја продолжува есенската културна и едукативна програма во Кочани. Во текот на октомври, програмата ќе се реализира во соработка со Националната установа Центар за култура „Бели Мугри“ – Кочани како и со “SupportKochani”, со цел да се придонесе кон културниот живот во градот и

Новите членови на Советот на Општините Кочани, Виница, Зрновци и Чешиово-Облешево

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани. 

Александар Андов: Победивме, но не славевме на улица со музика, затоа што сочуствуваме со граѓаните на Кочани….

Почитувани сограѓани, почитувани претставници на медиумите Вчера, на 19 октомври, се одржа првиот круг од Локалните избори 2025 година. Изборите во Општина Кочани поминаа во фер и демократска атмосфера, во кое нашите сограѓани ја изразија својата волја за тоа каква општина сакаат да имаат во следните четири години. Како носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ