ЗА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ НЕ ПОСТОЈАТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ Ладно, со амандмани, европратениците ги избришаа термините од Извештајот за Македонија.
Европратениците ги избришаа термините македонски јазик и идентитет од Извештајот за напредокот на Македонија што го изготви австрискиот европратеник Томас Вајц и во конечната верзија на документот, кој беше усвоен, не се споменува македонски јазик и македонски индентитет, исто како и во сите досегашни извештаи.
На денешната пленарна седница на ЕП се одржа само гласањето за амандманите и за усвојувањето на целиот извештај, откако синоќа заврши дискусијата меѓу европратениците.
Со мнозинство гласови беше усвоен заедничкиот амандман за бришење на македонскиот јазик, што го поднесоа европратениците Анджеј Халицки во име на Европската народна партија (ЕПП), Кетлин Ван Бремпт во име на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократиите (СД) и Дан Барна во име на либералната група „Да ја обновиме Европа“.
Амандманот се однесува на членот 3 од Извештајот, делот каде се вели: „европратениците го повикуваат Европскиот совет јавно и недвосмислено да сигнализира дека има намера брзо и безусловно да донесе позитивна одлука за преминување во следната фаза од преговорите за пристапување со Северна Македонија во ЕУ, откако ќе бидат исполнети условите од неговите заклучоци од 18 јули 2022 година, целосно почитувајќи го македонскиот јазик и идентитет…“.
Со денешното гласање, во овој пасус се избришани зборовите: „целосно почитувајќи го македонскиот јазик и идентитет“.
Веднаш по ова Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на прес конференција и меѓудругото рече: „ Драги пријатели од ЕУ, ви благодраам на сите Вас кои ни помогнавте и ни помагате, кој сеуште верувате во нас и во нашите вредности како дел од европското семејство. Нема да ве разочараме! Ќе работиме заедно со Вас на реформи, на развој ќе се обидуваме да ја доближеме земјата до ЕУ. Тоа е новиот пат кој го отвараме, по принципиелни и вредносни основи. Затоа што членството на мојата татковина не е само цел, тоа е и наша потреба, но и заедничка потрева. Ние посветено ќе работиме со сите наши европски пријатели, да опстоиме на европскиот пат и да не дозволиме различни структури кои не и’ сакаат добро на мојата земја да успеат во своите замисли. Оваа борба е и ќе биде тешка„,рече премиерот, Мицкоски