Одделението за внатрешни работи Кочани, до Основно јавно обвинителство Кочани,поднесе кривична пријава против С.Р.(38) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144о д Кривичниот законик. На 06.04.2026 на свој профил на социјална мрежа, пријавениот објавувал постовисо заканувачка содржина кон полициски службеник во ОВР Кочани.
Во Библиотеката „Искра“ во Кочани попладнево ќе биде промовирана книгата „Сите бои на виножитото“ посветена на Киро Герасимов – новинар, публицист, хроничар кому во епицентарот на сето она што го работел му е Кочани, луѓето од градот, занаетите, театарот, Доклевец (маалото во кое живееше)… Автори на оваа публикација се Славица Цветкова, роднокрајна писателка и внуката