Кучиња напаѓаат граѓани во Кочани, советникот Крстев бара итно решение на проблемот

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Проблемот со кучињата скитници во Кочани повторно е актуелен и сѐ почесто предизвикува страв и загриженост кај граѓаните.

На последната, но и на претходните седници на Советот на Општина Кочани, советникот Никола Крстев го покрена ова прашање, укажувајќи дека состојбата станува се посериозна.

Според него, кучињата скитници претставуваат реална опасност, особено за децата.

Веќе имаме поплаки од родители и граѓани кои со право се загрижени за својата безбедност. Потребно е итно решавање на овој проблем, истакнува Крстев.

Тој додава дека покрај заловувањето, неопходно е и отворање стационар за згрижување на кучињата скитници.

Во текот на денешниот ден, до Радио Кочани пристигна и писмено соопштение од граѓани од населбата Бавчалук, кои сведочат за конкретен напад.

Според нив, куче нападнало граѓанин на игралиште, а потоа и повозрасен човек кој се наоѓал во близина.

Денес куче ме нападна додека седев на клупа. Се одбранив некако, но потоа истото куче нападна и постар човек. Стравувам дека утре може да биде нападнато дете кое нема да може да се одбрани. Потребно е итно да се преземе нешто“, стои во писменото соопштение доставена до редакцијата на Радио Кочани.

Апелот е проблемот со кучињата скитници да се реши навреме, пред да настанат посериозни последици по безбедноста на граѓаните.

Инаку, овој проблем со години е сериозна црна дамка на Кочани.

На фотографијата е прикажано кучето кое напаѓа.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Мицковски – Има доволно нафта и нафтени деривати, граѓаните да бидат спокојни

-Имавме состанок со поголемите дистрибутери на нафта и нафтени деривати. Заедникки беше заклучокот дека има доволно нафта и нафтени деривати. Граѓаните треба да бидат спокојни, кај нас цената е драматично пониска од онаа во соседството. Ако литар во Србија е 120 денари, кај нас е 70, исто е ако споредиме и со Косово, Албанија. Уште

Претрес во виничко, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

  На 06.03.2026 во 19:00 часот во с.Градец, виничко, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.А.(19) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Виница, полицискиte службеници пронашле и одзеле марихуана. За време на претресот, во неговиот дом биле затекнати две други лица, на кои им

Ќе се гради дел од улицата „Никола Карев“ и новиот јужен булевар во Кочани – договор вреден 1,9 милиони евра

Министерството за транспорт склучи договор за изградба на дел од сообраќајната инфраструктура во Кочани, со што ќе се реализираат зафати на две значајни градски улици. Според информациите, договорот е потпишан со компанијата „ОСД Кирил“ ДООЕЛ од Штип, која ќе ги изведува градежните работи. Проектот опфаќа изградба на дел од собирната улица „Никола Карев“, како и