Кружниот тек лоциран на улицата „Димитар Влахов“ во „Стришани“ е небезбеден за учесниците во сообраќајот

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Според возачите – кружниот тек лоциран на улицата „Димитар Влахов“ во Кочани, е небезбеден за учесниците во сообраќајот.

Причина за тоа е слабата прегледност на возачите кои се вклучуваат од улицата „Стево Теодосиевски“ кон сообраќајницата на „Димитар Влахов“.

Исто така, според нив и оние кои се движат од улицата „Димитар Влахов“, неможат да ги видат оние кои се наоѓаат на „Стево Теодосиевски“.

Непрегледно е во текот на денот, а управувачите на моторните возила во вечерните часови се ориентираат според светлата на автомобилите.

Решението според  нив е, кога веќе неможат да се отстранат објектите кои пречат на видливоста на возачите,  е да се постави сообраќајно огледало или евентуално други сообраќајни помагала кои делумно би ги олесниле маките на учесниците во сообраќајот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во нејзиниот втор дом – Промовирани две книги на Дедова

Во Библиотеката „Искра“ во Кочани денеска беа промовирани две книги од Ана Дедова – „Ѕидот на сеќавањето“, посветена на нејзиниот починат брат, Дејан, и збирката поезија „Моќта на пријателството“. Дедова најчесто пишува за сопствениот живот, за своите чувства и емуции. Нејзините стихови се директен одраз на нејзината реалност, а нејзиното поетско творештво претставува емотивен, автобиографски

Во Кочани денеска промоција на книгата „Моќта на пријателството“

Во кочанската ЈОУ  Библиотека „Искра“ денеска ќе биде промовирана книгата „Моќта на приијалствоти“, збирка поезија создадена од роднокрајната авторка Ана Дедова. Книгата ќе ја промовира Катерина Трендова, модератор ќе биде Верица Паунова Дамевска. Настанот е закажан да започне  во 16 часот.

Започна Страдалната недела

Денеска, 6-ти април, понеделник, започнува Страдалната недела, период од особено значење за православните верници во пресрет на големиот христијански празник Велигден. Во текот на неделата, во храмовите се одржуваат богослужби посветени на последните денови од животот на Исус Христос, со особено внимание на Велики Петок. На овој ден, во црквите се извршуваат традиционални обреди, при