Крушево до 15 часот највисока излезност од над 50%, Долнени над 33%

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На ниво на Македонија излезноста во вториот круг од Локалните избори до 15 часот изнесувала 27, 18 % информира Државна изборна комисија. Највисока заинтересираност за гласање покажале граѓаните од општина Крушево, таму излезноста е највисока во Македонија од 50,22%.

Во општина Долнени излезеноста е 33,39 %, додека во општина Могила од регионот каде се одржува вториот круг на гласање е најниска и изнесува 28,20 %.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Блерим Ислјами е новоизбраниот градоначалник на Долнени

Блерим Ислјами од ВЛЕН е избран за нов градоначалник на Општина Долнени, откако освои 3.982 гласа на вториот круг од локалните избори. Неговиот противкандидат, Сашко Велјаноски – ВМРО-ДПМНЕ доби 2.804 гласови. Со ова, Ислјами ја добива довербата од жителите на Долнени и ќе ја води општината во наредните четири години.

Нико Чонески е нов градоначалник на Крушево

Нико Чонески кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е новиот градоначалник на Крушево. Tој во вториот круг од локалните избори ја доби  поддршка од своите сограѓани и успеа да направи пресврт против актуелниот градоначалник Томе Христоски со разлика од околу триесет гласа. Чонески ја доби довербата на граѓаните со ветување за посветена работа...

Пресудија 19 гласови во Крушево, неофицијално Нико Чонески од ВМРО ДПМНЕ е нов градоначалник

Првични неофицијални резултати за вториот круг од Локалните избори за гласањето во регионот: Голема победа на  ДРАГАНЧО САБОТКОВСКИ од Коалиција „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во општина Могила  со 79,86% од гласовите вкупно 2.070, наспроти независниот кандидат САШО ПИВКОВСКИ со 16,01% или 415 гласови. Во општина Долнени победата ја однесе БЛЕРИМ...