Крстевски потпиша грант за нови 5 илјади водомери на територијата на општина Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски потпиша договор за грант за проектот „Подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија“ што го склучуваат  Министерството за животната средина и просторно планирање и Општина Кочани.

Договорот е со финансиски износ од 52.952.080 денари за реализација на потпроектот „Замена на стари водомери со нови повеќемлазни водомери комплет со радиомодул и замена на ултразвучни водомери и нивна интеграција во системот за далечинско отчитување во општина Кочани“.

Со овој грант на територијата на општина Кочани ќе се постават 5009 нови повеќемлазни водомери. Тие ќе овозможат далечинско отчитување на состојбата со електронски пренос на податоците, без влијание од човечки фактор. Придобивка од проектот ќе биде намалувањето на бројот на инкасатори  во КЈП „Водовод“ – Кочани.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ЧЕСТНИОТ КРСТ ВО РАЦЕТЕ НА 32 ГОДИШНИОТ МАРЈАН ЗАОВ

32-годишниот Mарјан Заов од Кочани успеа меѓу 50-те пријавени момчиња прв да стигне до крстот во водите на кочанска река, по повод празникот Богојавление-Водици. Најсреќниот Заов ќе ги посети сите семејства во градот, кои ќе го даруваат крстот со пари за здравје и среќа. Тој пред присутните кај мостот во Паркот на Револуцијата  ја даде

Зрновци води по разводи, Чешиново-Облешево меѓу општините со најголем негативен прираст

Општина Зрновци се најде на самиот врв во државата по број на разводи, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Според официјалната статистика, дури 888 во оваа општина завршуваат со развод – највисок процент на распаднати брачни заедници во Република Македонија. Овој податок ја позиционира општината Зрновци како апсолутен негативен рекордер, далеку пред другите

Денеска е Водокрст – Се пости, но дозволено е и употреба на масло

Православните христијани денеска го слават празникот Водокрст, денот што му претходи на големиот празник Богојавление – Водици. Кај народот познат и како Водопост, овој ден се карактеризира со строг пост, а во кочанскиот храм утрово се вршеше голем водосвет. Се верува дека со силата на Светиот Дух, водата добива лековита моќ и се користи за