Крстевски: На образованието му е потребна итна департизација

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На образованието му потребен квалитет, а тоа подразбира итна департизација и предност на стручноста и компетентноста кај наставниот кадар. Тоа е првиот чекор што треба да го направиме ако сакаме младите да ги задржиме овде. За тоа треба да ѝ погледнеме на вистината в очи и оваа учебна година да се реализира со паралелки со број на ученици според пропишаните норми од Министерството за образование – вели в. д. градоначалникот на Кочани Венко Крстевски.

Според Крстевски, 90 проценти од блок-дотациите за образованието одат за плати на наставниците.

Училиштата заостануваат со развојот во делот на инфраструктурата, како на пример, недостига соодветна спортска сала.

Податоците од образованието во Општина Кочани укажуваат дека бројот на учениците константно е во пад.

Оваа учебна година во ОУ „Раде Кратовче“ во прво одделение се запишани 27 првачиња распоредени во 3 паралелки. Во подрачното училиште во с. Бели има 10 ученици во 2 паралелки; во с. Нивичани 5 ученици во 2 паралелки; во с. Тркање 28 ученици во 2 паралелки; во с. Грдовци 17 ученици во 2 паралелки и во с. Прибичево 4 ученици во 1 паралелка.

В. д. градоначалникот на Општина Кочани додава дека во малубројни паралелки на учениците им е скратена можноста за квалитетна социјализација, учество на патрони празници и воннаставни активности што ги имаат нивните врсници во централните училишта.

Крстевски нагласува дека токму тоа против што се бори – партизацијата – во образованието е на најјако, што го илустрира со согласност за помал број паралелки од МОН, документ којшто претседателот на Советот на Општина Кочани го прикажал на денешнава координација на Советот, а којшто сѐ уште не е пристигнат во Општина Кочани.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

На 12 ноември – конститутивна седница на Советот на Општина Кочани

В среда, 12 ноември 2025 година, со почеток во 12 ч., Советот на Општина Кочани ќе ја одржи својата прва, конститутивна седница. На предлог-дневниот ред се наоѓаат 14 точки. 1.      Верификација на мандатот на членовите на Советот на Општина Кочани 2.      Избор на членови на Комисијата за мандатни прашања избори и именувања 3.      Избор на претседател на Советот

Градоначалникот Грозданов на прва работна средба во КЈП „Водовод“

Денеска градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов оствари работна средба со раководните служби од КЈП „Водовод“ и со административните службеници задолжени за комунални работи од Општина Кочани, на која беше разгледана севкупната состојба во кочанското комунално претпријатие. Констатирана е незавидна состојба со јавната чистота, намалени капацитети на човечки ресурси и лоша финансиска положба на КЈП

15 обвинители ќе го застапуваат обвиниението за „Пулс“

Во судскиот процес за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани кој почнува следната недела како што денеска кажа државниот обвинител Љупчо Коцевски, ќе бидат ангажирани доволно обвинители, односно дека ЈО има екипираност и веќе се договорени околу начинот на кој обвинителите ќе го застапуваат предметот. Во судница ќе го застапуваат обвинението истите обвинители